Friday, November 4, 2011

Тхе Енд

 Ќе копнееме нешто да не мрдни, за миг да не потсети дека сме живи, зашто ништо живо нема да остани, по наша вина, се разбира!

Јас само слушав како мириса сонцето и уживав во исфарбаните симфонии...

Wednesday, November 2, 2011

Палп Фикшн


Мора да се разоткрија оваа историска заблуда која ни ја подметнаа нашите и вашите баби, дедовци…
Се работи за волко. За овај голем домаќин чоек и мераклија на ракија се изречени еден куп невистини, а тоа е со цел да се прикријат злосторствата на Црвенкапа, Трите Прасиња и Седумте Јариња.
Значи вака:

Волко инаку бил ептен фино момче. Ногу си учел. Со сите петки преминвал. Во средно бил првенец на генерацијата, а и на факултет не бил лош.
Тој не ја запрел Црвенкапа, како шо се шират гласини, за да ја упати по погрешен пат, туку ја запрел да ја праша колку е сато за да не закасни на факултет, ама Црвенкапа била толку безобразна па му рекла: „Ај шо тебаaм ко непејш на радио!“ и си заминала.
И Црвенкапа на баба и не и носела погача, кифлички, сокче, туку и носела касети со шпански, турски и индиски серии и цедејки со турбофолк музика.

Волко не пошол кај бабата за да ја изеј, туку пошол за да и наплати за струја (оти кутрио бил ептен сиромав, па морал некоја миљарда да извај за да си ги плати испитите, па затоа работел како инкасант), ама оваа никаквата неќела да плати и го викнала комшијата кој бил ловџија и пуздер го напрајле волко.

Трите прасиња. Е овие прасињава ич не биле цвеќина за мирисање. Тоа ти биле едни тезгароши и муфљузи и имале еден кафич и ставале вода во кока-колата и пуштале ногу гласна музика. Волкот живеел одма над кафичо и од прегласната музика не можел да се сконцентрира, а морал да учи оти в четврток имал испит од 9 сато. И ошол во кафичо и им рекол ногу ферски, да не речам чоечки, да ја намалат музиката оти ќе им ја искрши кичмата, ама овие не та не. И на крајо му пукнал негативо, па ко фатил да ги ака од то шанко и едно време почнал да ги крши џамојте, ама се уклучил алармо и дошла милицијата. Абе лом и кисела вода го напрајла.

А седумте јарина не биле нишо поарни. Тоа ти биле едни разгалени, едни никакви и одвај чекале мајка им да замини на пазар и тие да почнат низ џамо да ги маваат луѓето со јајца расипани (сматоци). Е се погодило еден ден да го шлакнат волко. Ко се изнервирал овај, додуша и така бил изнервиран оти паднал на испит (оти не науче убоо, умо му го истае милицијата од ќотеко шо му го удре), па ко му се качил горе, па ко ги размаал то јарината по ѕидој… И пак милицијата го прекршила од ќотек поради малтретирање на малолетници.

И сега драги мој пресудете сами, дали волко е чурук табиет ко шо ви кажваа на времето бабите и дедовците, оти така и тие виделе на вестите во седумипол сато.