Сакам машина за пишување. Да да, иста онаква машина каква што имаат писателите во филмовите. Онаа што прави иритирачка бучава. Слична бучава како што прави стара, ефтина тастатура… ма не, бучавата од машината за пишување (чукање, куцање) е уникатна, не можи да се споредува со некоја фалш бучава од некоја ефтина тастатура. Сакам машина за пишување. Можеби пописателски ќе се осеќам кога ќе го истуткам листот на кој претходно сум напишал нешто, а тоа не било според замислата, уствари било според замислата што сум ја имал во моментот кога сум го пишел тоа, ама покасно ми текнало нешто друго, подобро… ќе се осеќам пописателски кога ќе го истуткам и ќе го фрлам до кантата за ѓубре затоа што таа веќе е преполна со исти такви претходни идеи кои биле надгласани и заменети со нови… сакам машина за пишување.
Ден трети.
Ха! Па сите почнуваат од почеток, од првиот ден, од првата глава, од првото… јас не. Јас имам желба да почнам од ден трети. Не е ништо посебен. Го започнав пред некое време. Немав намера да се натпреварувам со него кој прв ќе започни, па не ми е ни криво… жежок е и овој ден. Денес сигурно нема да ми требаат нараквици, или нечија топла рака. Денов не започна лошо. Утринското мочање ми се погоде, а и ВЦ шољата веројатно уживаше, не ја љуфнав денес. Нема утринско кафе. Кафето според мене е многу лош порок, а јас не паѓам под влијание на пороците… абе ај! Трет ден апстинирам од пороците, а кафето не ми е вкусно инаку радо би го вметнал во колекцијата.
Некој нашол ластовичка малечка… што да се прави? Не сака да јади, само три капки вода се има напиено… пред извесно време, пензионер се расправал со некое куче скитник во паркот. Останатите пензионери го поддржале (пензионерот). Сигурно бил во право… комшиите спроти мене си ставија клима. Одлично, само да не ме будеа во 8:30 со неподносливата бучава од бормашината… вести за започнување на ден. Колку ли сакам да ги започнувам деновите со вакви вести…
Деновите се како грепка. Во првата ништо. Во втората ништо. Во третата малку, колку да те залажи. Во четврта пак ништо… ех денови ли се денови, колку ми е драго што повеќето ги преспивав…
За апстинирањето. Која е позитивната страна? Се разбудив рано. Апсолутно појма немав што да му правам на тоа раното. Околу 60 минути се мислев и еве што смислив. Да се занимавам со тастатурава од мојот персонален сметач. Го викаат персонален сметач. Сметач! Не знај до три да изброј, ама сметач бил. Затоа сакам машина за пишување. Неа не ја викаат сметач, освен штo смета со бучавата што ја произведува, ама сепак, таа не е сметач. Си се вика машина за пишување и е наменета за пишување (куцање, чукање). Е да! Не пишува таа сама како што ни сметачо не смета сам… ми здодеа овој монотон круг.
Се разбудив рано. Апсолутно појма немав што да му правам на тоа раното…
Денес е недела. Еден ден после сабота. А во сабота, обично, сум предозиран со пороци, па во недела не ми останува ништо друго освен да спијам дури ми се спија, а тоа не трај баш малку. Не дека само во сабота сум предозиран со пороци, ама сабота ја зедов намерно. Почнав од недела, па ми требаше сабота… значи во нормални услови во недела ова време ќе спијав, зато што во саботата сум се изморил од неработење… ќе спијав и ќе ме разбудеше стандарден телефонски повик кој ќе гласеше:
Денес е недела. Еден ден после сабота. А во сабота, обично, сум предозиран со пороци, па во недела не ми останува ништо друго освен да спијам дури ми се спија, а тоа не трај баш малку. Не дека само во сабота сум предозиран со пороци, ама сабота ја зедов намерно. Почнав од недела, па ми требаше сабота… значи во нормални услови во недела ова време ќе спијав, зато што во саботата сум се изморил од неработење… ќе спијав и ќе ме разбудеше стандарден телефонски повик кој ќе гласеше:
- Сеуште спијаш?
- Не, не спијам, телефонот ми ѕвонеше па морав да станам…
- Ај не мудрувај, дотерај се, време е да одиме да јадиме…
Во недела на ручек одиме во Ања. Во недела таму пиците се 149 денари. Било која пица е 149 денари. Најскапата пица е 149 денари. Јас увек најскапата ја одбирам.
А оваа недела не ме разбуде таков стандарден повик. Зошто? Затоа што не е дојдено стандардното време за ручек. Затоа што јас избегав од стандардите и вчера стандардно не се средив и затоа денес ништо не е стандардно…
Колку само ги променив работите со едно нестандардно однесување. Ефект на пеперутката. Се надевам дека моето нестандардно однесување нема да се одрази врз катастрофите наоколу… Или нека се одрази, ама позитивно.
Колку само ги променив работите со едно нестандардно однесување. Ефект на пеперутката. Се надевам дека моето нестандардно однесување нема да се одрази врз катастрофите наоколу… Или нека се одрази, ама позитивно.
А што јас навистина правам сега? Пишувам нешто а? Така можи да се наречи а? Па да, нема некое правило за пишување, па да не можи така да се наречи. Ќе си пишувам како што сакам и што сакам. Само буквите да се погодат, да си го имаат правилниот редослед во зборот, да личи зборот на нешто. На тоа треба да се внимава… јас пишувам. Пишувам, а за тоа има причина. Да дојди стандардното време и да одам на ручек. Реков дека има причина…
No comments:
Post a Comment