Monday, December 26, 2011

Среде соба високо, јамката ми стои...

- Хоу, хоу, хоу! -  рече Дедо Мраз и побара 100 денари за сликата.

- Сега ќе те пратам во „Вечните ловишта“! - му рече комшијата на инкасанто кој му ја исклучуваше струјата...

Жена и детенце поминуваат покрај Магнолија. Детенцето:
- Мамо, мамо, ене го Дедо Мраз! Ај мамо да се сликам со Дедо Мраз...
- Ане, утре ќе се сликаш со Дедо Мраз, ајде сега иди не чека татко ти кај Безистено!
- Ама мамо сакааааааааааааааам! – влечкајќи се вика чупенцето.
- Не се дери да не му кажам на татко ти, дури тогаш ќе се сликаш со Дедо Мраз. За тие пари нешто за дома за јадење ќе земиме...
Се оддалечуваат мајката и размрсулаеното чупенце на кое не му ја остварија желбата да се слика со најголемиот јунак за Нова година, неговото височество, Дедо Мраз. Штотуку му заминаа 100 денари на Дедо Мраз. Мрзата која работи само околу Нова Година, по цена од 100 денари за слика. Милиот, прекрасниот брадлес дедо шо се пика низ оџаците за да остај поклончина под елката... (Факју Кока Кола!)

На пазар, на тезга со зеленчук застанува средовечен господин.  Очигледно на висока позиција, според акташната која ја носи. Механичар носи касета со окасти и чатал клучој. Очигледно богат, по облеката која ја носи. Механичар носи работнички панталони кои се 76% маслосани.

- Добар ден. Колку се морковите? – ладно запрашува.
- 15 денари кило! – со насмевка одговара бабичката позади тезгата.
- Ех, многу скапџии се напрајфте вие пазарџиите, сакате преку ноќ да се збогатите! Скапи ми се, сакам поевтино!
- Еми да ти ги дам поефтино, ама шо ќе остани за нас цел ден шо го збираме студо на тезга, да не клавам сметка за нива орање, за работна рака...
- Скапо ми е за 15!
- Добро, ете нека бидат за 10 денари, кај било кај небило, нека бега нешто...
- Е така можи, дај ми полкило! – заповедува господинот тркалајќи 5 денари во кожната нараквица...

Комшијата е средовечен човек. Добар, колку шо се можи.

Брачен статус: Оженет со две малолетни деца.
Работен статус: Невработен

Жена му е вработена. Работи во една од фирмите за текстил. Да, фирма во која некој помочан, отепан, скапан Грк, зел кредит од неговата помочана најзаборчена држава, дошол тука и со туѓа пот си го мие лицето, се прај најголем газда благодарение на тие што мора од некаде да земат колку да не е без ич, колку за јадење. Ко воло за сламата, шо се вели. И толку. Колку за јадење. А од каде за децата, за облека, за чевли, за патики, за струја, за вода, за...

Оди исклучи му ја струјата на комшијата да те видам!

Полоња година ќе помини во честитање:

- Ај среќна да е новава, здрави, живи весели! Да се исполнат сите желби!  Среќна Нова! Среќна Нова! Ај Среќна Нова!

Здрави, живи, весели... Зошто? Од што?
Желби. Сите?

Ај оваа година да си најдиш работа, да не си клошар како последниве 10 години. Среќна Нова, среќнааааааа, среќнаааааааааааа!!!!

Која среќна море? Од шо? Ццццц…

Ко ќе прашаш, на сите им е здосадена Нова година, а по кафаните се бара место плус.

- Абе не планираме нигде да ојме, ама можи да ојме, а најверојатно ќе појме!

Е со тие „сите“ треба јас да го делам воздухов...

- Абе шо цело време нешто се јачи околу Нова година, никако да сфатам шо е поентата. Одиш, плаќаш еден куп пари в кафана на свадба без невеста, се пијаниш и си ојш дома (ама пази, треба да си дотеран цаком паком, не поминваш со фармерчина и кошулче, ќе ти се смеат костумосаните). Па нели тоа го прајме често, ама со тие пари шо се фрлаат за прва вечер Нова година има да се натрескаме неколку вечери… не бе, никако не ми е јасно шо е толку спектакуларно околу таа помочана вечер…

-  Спектакуларно... абе ваљда тоа шо во таа вечер пукаат петарди и тек - тук по некој огномет. Таксистите возат по осма тарифа и на секаде гледаш умрени од пиење дечишта, а оние „потрезните“ се задеваат наоколу, прат галама и тек - тук извртуваат по некој ќотек. На крајо сѐ
се завршува на инфузија. Па во глобала тоа ќе да е спектакуларното…

- Еј, абе и инфузијата ваљда е по осма тарифа на Нова година.

Ај нека и е вечна слава на старава.

                                                  СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!


Saturday, December 24, 2011

И волко сит и четириесетте разбојници на број

Денешниов ден сончев. За мерак. Плус викенд. Јухуууууууууууууу!

Ајмо цурице, ајмо дечаци,
студенти и џаци, милицајци.
Да, да, да.
Хајдемо у планине
јер тамо нема зиме...

Палиш ламаринчето, шо се нашло, југиче, ладиче, стоединче... додуша и по некое опелче и фолцвагенче се наоѓа од ко почнаа од странција да фрчат...
Вреќата со слама в багашник и дирек на Пелистер, на стазата со вреќата...
Додека одиш си потпевнуваш со друштвото: „Беше мрак, а таа беше гола...“
Застанваш на бензискана шо е на раскрсницата кај шо ги дели патиштана за накај Охрид на плажа и накај Пелистер, в планина. Купваш чипси-мипси, сокче-мокче, кајшо узврат и шибаш на горе. Стигнуваш на Магарево и оп... шо оп бе?! Не е за оп работата. За нешто друго е. Трново, Магарево и оп нема пат. Нема пат, нема Пелистер, нема стаза, нема слизгање со вреќата... само јанѕа. Ти ебам и локална самоуправа и градоначалник и советници и изборна комисија сосе месната заедница во Шелеверци. Сред зима кај се нашло снег на пато, да не можи чоек да помини. Ај мазала, шо бош работа ќе беше ова? Шо кур бараш на Пелистер сред зима? Ој како и сите нормални луѓе, сркај кафе надвор пред некој кафич и зјапај по народо...

Ај некој нека ми дај одговор зошто пато до Пелистер е непрооден? Зошто никој кур не го боли од власта дека пато до Пелистер е непрооден? Зошто механизацијата за расчистување на снего е во дефект, сред зима изненадена од снего? Жими куро сечен од Букефал и жими сите турски серии на Шител и на Анал 5 ова ич не ој на арно, пардон, ова оди на екстра неарно.
Добро бе да му ебам, ќе му текни на некој дека власта почна ептен курташак да си игра со обичното челаде? Или дури има лепило и плакати, кафе и локумчина неаме гајле...

Friday, December 2, 2011

Низа врвоинки

Се сретнуваат песимист и оптимист. Песимистот резигнирано, изнервирано, депримирано...

Во Жито Битола појдов по сугестија на татко ми, интегрален дел во фирмата некојси триестипет години. Летно време, сезона на откуп на нафта... пардон, на земјоделската култура наречена пченица. Работно место: ракувач на платформа за кипање на шлеперишта полни со пченица. Возбудливо. Се чувствував силен кога со помош на една рачка кревав двајсетонски шлеперишта (со рачката в гаќи којзнај дали пегла можам да кренам). Работа во две смени по осум сати на три платформи со по двајца вработени.
Платформа број три, јас и Миле.   
Миле генерациски беше колку мене, само шо хајскул завршил во друга сколија и од таму не се познававме. Син на тамошниот раководител на браварска работилница - Џигеро, а јас син на тамошниот раководител на механичарска работилница, Славе.
Бевме мрзи со препораки. 
Беше тоа година-две пред да пропадни фирмата. Па нормално, на Блискиот исток да не пратеа мене и Миле, ќе пропаднеше тероризмот... мала шала, си ја бркавме нашата работа.
Ден после нашиот старт се појаве и Мистер Дабевски - Дабо. Мажиште тристипетгодишно, кое фиктивно требаше да биди онаму каде што има потреба од неговата помош, а фактички тој спиеше во фасерајот, каде што беа наредени еден куп вреќи со брашно. Дабо си беше приказна за себе. На почеток ни беше нејасен, а покасно ни стана уште понејасен, ама беше забавен кога беше во близина. Не се буневме, нека спија...
Втора смена. Некаде околу осум сато пи ем. Дабо издава наредба:
- Курина, ај пато под вас и фаќајте магла, вие чупина треба да бркате, остајте ме мене, јас ќе ве заменам, стар орел јас, ко му хухнав на лаво в золошка, глата в ѕид си ја мана... а и онака жената ме брка од дома...
Поштено бе. Секоја чест. Ние го остајфме да спија, а тој не остае да скитаме по чупина.
Дабо јадеше ко вол. Во мензата на Жито Битола имаше многу вкусна храна. Тоа беше најубавиот дел од работата, одењето на јадење во мензата, за нијанса подобар од двата часа спиење на вреќите со брашно во фасерајот (Џигеро за то време не заменваше на кипер, ја наредивме... ) после јадењето. Дабо јадеше дупла доза, плус под мишка на излегвање си земаше полоња сомун леб, за да му се нај.
- Дапче, абе една копанка не ти стига јадење, многу јадиш, а те глем не си некоја дива градба, да не можи да те заобиколи чоек...чудна работа, како ти успева...
 - Љубе бате, не сум јас крив, рако шо ми е во стомако ми го јади јадењето, зато...
Реков јас дека Дабо си имаше моменти.
Со Милета изградивме една одлична соработка со камионџиите шо носеа жито во камионите шо ги кипавме:
- Мајсторе, ќе дајш една стотка за да напрајме гаргара со сокче, за прашината шо се налепила... Или да го кревам шлеперо докрај и да го јурдисам однопаку!?
- Не прам проблем за стотка бе, само молимте внимавај на камиончето, ако се преврти ќе ме вркни далако...
Одлична соработка беше тоа. Дневно така вадевме по некоја банка. Не многу. Колку да не е без ич. Имавме за цигари, за сок, за пиво, за пулитанчина, а имаше и на вечер за излегвање за некоја пијачка, а понекош останеше и на љубовницата да и се фрли пијачка. Скромно.
Прва пладнина. Од шо беше жешко, ептен жешко беше. Живата во термометаро потој... Седевме со Баличо под сенка и пијавме пиво. Баличо беше работник, од сталните. Немаше камионче за кипање, саде тракторчина. Работеше само еден кипер, нормално не на кој шо бевме јас и Миле. Миле спијаше... На првиот кипер работеа Попо и ДЕТЕТО ШО ЗАБОРАЈФ КАКО СЕ ВИКАШЕ, нагалено ДЕТЕТО. Попо го викав јас Поп, оти студираше на теологија и имаше брадиште, да го запалиш два дена да гори. А Детето немаше некои знаци за препознавање, освен шо одеше како шајки да има во патиките, во петиците. Попо на изглед беше за на плашилата да му ги плаши децата. Не комунициравме. Разбрав дека опак бил, лимон табиет. Седиме со Баличо и иди едно тракторче со пченица. Се паркира на кипер број еден. Кај Попо. После неколку секунди следи расправија. Земјоделецо, напатена душа, се расправа со Попо и обратно. Е довде ми дојде Попо. Го накренав пивото и притрчав да видам шо се дешава. Само шо појдов Попо насилнички ме турна. Е сеа ти гебав сите калуѓерки! -  си реков. 
Земјоделецо развикуваше, во право беше. Мој чоек бе, знаев дека ќе ме разбери па му се обратив:
- Мајсторе, дај бе немаш некоја хебла во тракторо, да му ја опнам на попов?!
Немаше хебла, ама имаше пристоен клуч за тркала одвртување. Боздоган. Е драги мои којзнае како изгледаше од старна кога се бркавме со Попо низ силосите, јас со клучо в раце...
Попо тој ден не ми се приближваше на сто метри.
И добро. Другата ден ете го полека кон мене, се ложи ко мачка на колбаси. Дое и ме праша:
- Ти бе верваш во Госпо?!
- Не бе, а ти?!
Се насмеа и ми пуште рака за да склучиме примирје.
Интересна личност беше. Ни тргна муабето. Ме праша:
- Абе ти филозоф си или философ?
- Не бе, на кипер работам, ти?
- Оти не верваш во Госпо?
- Немам причина.
И немав. И сеуште немам. Даскало шо ми беше по географија во седмо и осмо, Славе, во една прилика споделе многу интересна случка. Кога бил мал, детиште, во мода било децата да се причестуваат в црква, како шо е денес во мода децата да гледаат глупи серии и да киснат на фејсбук. Тој заедно со другите дечина пошол да се причести. Си застанале во редица и едно по едно поминвале кај попо, да се причестат. Попо им давал нешто со лајче и им давал да се напијаат... веројатно вино, уште од мали нозе ги заучвал попо да се пијанат...
добро де, заборајф шо му давал да се напијаат. Дошол на ред даскало, Славе, да џвакни од лајчето и да шлибни од пијачката. Абе ептен му се бендисало то во лајчето. Поминал на редо и застанал на врата да се мисли. Се мислел дали да се врати уште еднаш во редо, за да лапни уште едно лајче, ама... ама мајка му му кажвала дека Госпо гледа сѐ,  па малце шубе му паѓало. Ама дете ко дете. Ја избушајл тро косата и се бапнал пак во редо. Ај уше еднаш од лајчето и од пијачката... ни госпо го видел ни... ај вервај после!
Попо ми рече дека имал неколку причини да верва. Едната ја запамтив.
Патувал до некој манастир, ама по то планињето му се расипала колата. Во близина имало некој друг манастир (оре, саде манастири по планињето). Пошол во тој манастир. Таму имало некоја средовечна калуѓерка, шо го чувала манастирот.
- Вака, вака и вака е работата... колата ми се расипа, дали ќе можи вечерваа овде да останам, па утре со Госпо напре да појдам  до другио манастир...
- Како да не можи, ајде повели, одмори се - го поканила калуѓерката.
Си седнале да си поприкажат, нормално, калуѓеркава осамена. Муабет за муабет...
- По едно кафе да сварам синко, бива?
- Свари, свари, не е проблем.
Пошла да вари кафе и ете ја за брзо:
- А море синко, ами шеќер немало, се потрошил... за срамота... туф , туф...
- Ако ако, нема гајле, без шеќер ќе го испијаме, не се секирај.
Го шмркнале кафето, манале една штека малборо, опнале два кеца, шмркнале тро кокаин и ајт на спијање (ова за кафето дека го шмркнале излажав).
И добро. Другата ден, уште рано рано ете ти ја некоја жена лупа на порти. Ошла калуѓеркава да отвори.
- Добро утро! – срдечно поздравила жената.
- Добро утро.  –  кротко вратила калуѓерката.
- Абе сношти на сон ми се јаве (е тој светецо од манастиро, ама заборајф како се викаше, ама ај нека е Џон Дилингер од Пустарека, пример збораме) Џон Дилингер и ми рече шеќер да донесам...
 Низ смеење го прекинав:
- Попе, шо не помисле на дело од колата шо ти се расипа, можи жената и дел ќе ти дојсеше!
 За време на сезоната, баш како мене, како Миле, како Попо... имаше и Ѓупци. Сезонски работници кои си ја бркале работата во последните двајсе години. Алаф да им е. Ѓупците беа задолжени за шлеперите полни со вреќи, да ги истурат вреќите со пченица (значи јас и компанија бевме за шлеперите кои носеа пченица рефус). Со Ѓупците беше екстра забавно. Со Ѓупците е секогаш забавно. Ѓупците се супер. Моите најдобри другари ко бев војска ми беа Ѓупци.
Ѓупците од нашето Жито Битола. Себо, Орхан, Сабри, Султан... петнајстина души.
Себо беше како од  цртан избеган. Да го видиш и да почниш да се смејш, а ако зборни... Султан им беше главниот. Султан беше одговорен, добар, разбран...Султан тоа лето купе стан. Зеде еден куп пијачки и мезиња, за сите. Султан не беше султан. Султан беше ЦАР!
Султан само еднаш во конфликт влегол. Со Каур:
- И ви кажвам, од нигде никаде ми се задае, ќе ме тепа. Ама нервозен сум јас ногу. Го прицнав за вратче тро и оп Кауро нож ми извае. Е сега ќе ми те ебам! – си реков и набрзина ко сила ми дојде, го манав со колено и му падна ножо...
А Себо внимателно слушајќи се вмеша:
- И геба брат?!
Ај остани рамнодушен да те видам!
И сино на Султан работеше во Жито Битола. Работеше во фасерај, редеше вреќи со брашно. Често идеше. Со брашно од гла до петици. Воденичар. Себо го дупеше Султан:
- Муре ти будала да не си браааааат!? Ами не глеш колку е бел овај, сигурно не е од тебе праен!
Себо! Тешка флегма.
Себо многу караше, да не речам пцујаше. За сѐ и сешто и на секој.
Сабри му беше брат на Себо. Карактеристично за Сабри беше шо акцентирањето му беше исто ко на Каурите, па тоа ми беше доста интересно. Не се сеќаваше дека е Ѓуптин. Султан беше културен. Му се пожале на Сабри:
- Сабри, дај бе речи му на брат ти нека не ми кара. Ни му карам, ни сакам да ми кара некој!
Сабри се сврте кон Себо и го подуче:
- Себо, немој бе да му караш, глеш не е убоо, неќи да му караш. Султан си е домаќин чоек, немој...
- Муре шотуку ми јачиш да тибам жената и тебе да тибам!
Ѓупска работа...
Во Жито Битола имаше кроасанчиња. Криумчаревме. По нелегални патишта се снабдувавме. 
Дено по два кроасани јадев, или три. Во Жито Битола кроасаните најубај беа. Најубо чоколадо имаше во нив.
Во Жито Битола јадевме топло лепче. Тогаш печено. Со Ѓупците.
Во Жито Битола имаше леб за сите...

Посветено на сите оние чесни души кои поштено си го заработуваа лебо во оваа фирма која беше од огромно значење. Оние кои беа избркани на улица благодарение на деспотите кои завладејаа. Оние кои сеуште си го бараат правото кое веројатно никогаш нема да го добијаат. Оние кои се мрднаа од памето трудејќи се да направат нешто за да преживеат.

Капитализам – лав стори.

П.С. Се сретнуваат песимист и оптимист. Песимистот резигнирано, изнервирано, депримирано...
- Дали можи да биди полошо од ова?!
Оптимистот со широко ококорени очи и весела насмевка на лицето:
-Можи, можи!