Monday, December 26, 2011

Среде соба високо, јамката ми стои...

- Хоу, хоу, хоу! -  рече Дедо Мраз и побара 100 денари за сликата.

- Сега ќе те пратам во „Вечните ловишта“! - му рече комшијата на инкасанто кој му ја исклучуваше струјата...

Жена и детенце поминуваат покрај Магнолија. Детенцето:
- Мамо, мамо, ене го Дедо Мраз! Ај мамо да се сликам со Дедо Мраз...
- Ане, утре ќе се сликаш со Дедо Мраз, ајде сега иди не чека татко ти кај Безистено!
- Ама мамо сакааааааааааааааам! – влечкајќи се вика чупенцето.
- Не се дери да не му кажам на татко ти, дури тогаш ќе се сликаш со Дедо Мраз. За тие пари нешто за дома за јадење ќе земиме...
Се оддалечуваат мајката и размрсулаеното чупенце на кое не му ја остварија желбата да се слика со најголемиот јунак за Нова година, неговото височество, Дедо Мраз. Штотуку му заминаа 100 денари на Дедо Мраз. Мрзата која работи само околу Нова Година, по цена од 100 денари за слика. Милиот, прекрасниот брадлес дедо шо се пика низ оџаците за да остај поклончина под елката... (Факју Кока Кола!)

На пазар, на тезга со зеленчук застанува средовечен господин.  Очигледно на висока позиција, според акташната која ја носи. Механичар носи касета со окасти и чатал клучој. Очигледно богат, по облеката која ја носи. Механичар носи работнички панталони кои се 76% маслосани.

- Добар ден. Колку се морковите? – ладно запрашува.
- 15 денари кило! – со насмевка одговара бабичката позади тезгата.
- Ех, многу скапџии се напрајфте вие пазарџиите, сакате преку ноќ да се збогатите! Скапи ми се, сакам поевтино!
- Еми да ти ги дам поефтино, ама шо ќе остани за нас цел ден шо го збираме студо на тезга, да не клавам сметка за нива орање, за работна рака...
- Скапо ми е за 15!
- Добро, ете нека бидат за 10 денари, кај било кај небило, нека бега нешто...
- Е така можи, дај ми полкило! – заповедува господинот тркалајќи 5 денари во кожната нараквица...

Комшијата е средовечен човек. Добар, колку шо се можи.

Брачен статус: Оженет со две малолетни деца.
Работен статус: Невработен

Жена му е вработена. Работи во една од фирмите за текстил. Да, фирма во која некој помочан, отепан, скапан Грк, зел кредит од неговата помочана најзаборчена држава, дошол тука и со туѓа пот си го мие лицето, се прај најголем газда благодарение на тие што мора од некаде да земат колку да не е без ич, колку за јадење. Ко воло за сламата, шо се вели. И толку. Колку за јадење. А од каде за децата, за облека, за чевли, за патики, за струја, за вода, за...

Оди исклучи му ја струјата на комшијата да те видам!

Полоња година ќе помини во честитање:

- Ај среќна да е новава, здрави, живи весели! Да се исполнат сите желби!  Среќна Нова! Среќна Нова! Ај Среќна Нова!

Здрави, живи, весели... Зошто? Од што?
Желби. Сите?

Ај оваа година да си најдиш работа, да не си клошар како последниве 10 години. Среќна Нова, среќнааааааа, среќнаааааааааааа!!!!

Која среќна море? Од шо? Ццццц…

Ко ќе прашаш, на сите им е здосадена Нова година, а по кафаните се бара место плус.

- Абе не планираме нигде да ојме, ама можи да ојме, а најверојатно ќе појме!

Е со тие „сите“ треба јас да го делам воздухов...

- Абе шо цело време нешто се јачи околу Нова година, никако да сфатам шо е поентата. Одиш, плаќаш еден куп пари в кафана на свадба без невеста, се пијаниш и си ојш дома (ама пази, треба да си дотеран цаком паком, не поминваш со фармерчина и кошулче, ќе ти се смеат костумосаните). Па нели тоа го прајме често, ама со тие пари шо се фрлаат за прва вечер Нова година има да се натрескаме неколку вечери… не бе, никако не ми е јасно шо е толку спектакуларно околу таа помочана вечер…

-  Спектакуларно... абе ваљда тоа шо во таа вечер пукаат петарди и тек - тук по некој огномет. Таксистите возат по осма тарифа и на секаде гледаш умрени од пиење дечишта, а оние „потрезните“ се задеваат наоколу, прат галама и тек - тук извртуваат по некој ќотек. На крајо сѐ
се завршува на инфузија. Па во глобала тоа ќе да е спектакуларното…

- Еј, абе и инфузијата ваљда е по осма тарифа на Нова година.

Ај нека и е вечна слава на старава.

                                                  СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!


No comments:

Post a Comment