Се случи тоа во еден жежок летен период, средината на декември, во годината кога имаше најмногу снег. Во еднo обично семејство, штркот остави едно бело како снег момченце. Кога го виде неговата мајка колку е бело, реши да го вика Црвенкапа…пардон…Снежана, но за среќа се појави друго момченце кое беше неколку години порано донесено од штркот во тоа обично семејство и извика:
-Машко е бре! Алооооооооооо! Ќе се вика онака како што јас ќе речам да се вика!
Желбата му беше исполнета. Малото момченце го доби токму она име што го сакаше големото момченце.
Како растеше малото момченце, сфаќаше во колку „прекрасен“ свет живее.
Како што растеше, така наидуваше на голем број нелогични нешта. Постојано беше обвинуван за тоа што во се' бараше логика. Го убедуваа дека логика нема, ама има нешто друго.
Во школските денови се однесуваше онака како што се однесуваше. Беше сигурен дека не постои некое конкретно определено правило по кое што треба да се однесува, па се однесуваше точно онака како шо му налагаше разумот, или неразумот.
На моменти создаваше слика за себе како лошо момче. Го посочуваа како своеглав (тврдоглав), а секако не беа далеку од вистината.
Вон тие моменти беше во ред. Околината го прифаќаше многу добро. Но него го измачуваше тоа што околината го прифаќаше кога глумеше дека е како околината. Мислеше дека е глупаво една личност да биди иста како сите останати. Воопшто не му беше интересно.
Поради тоа реше неговата идна професија да се темели врз една општа некоординираност со околината и на чиста конфликтна практика со луѓето што го опкружуваат.
Сакаше да стани писател.
Веднаш почувствува општествен отпор.
-Писател!? Подобро да бидеш нешто друго. Автомеханичар, електричар, машинобравар…да имаш некаков занает!-реагираа.
Сакаше да им кажи дека некој стар Грк рекол дека и пишувањето е занает, ама каков ќар од тоа? (занает ипол, затоа сите стари Грци се изумрени :) )
Меѓутоа не дозволи глупавите аргументи на околината да го оттргнат од желбата да стани пишувач.
Пишувач, запишувач, опишувач, отпишувач, натпишувач, допишувач…
Од толку многу функции човек главата да го заболи. И навистина, го заболе главата. Кога му кажа на лекарот за неговите проблеми, тој детално го прегледа, му стави стапче во устата, мина низ неколку контроли, му земаа крв, мочка, го соблекуваа гол (не скроз) лежеше на триесет (со букви:30) кревети, запозна многу медицински апарати (и исто толку медицински сестри), ама…
Неговата глава не поминуваше. Неговото ментално здравје беше сериозно нарушено. На лекарот не му беше јасно што се случува со него, па инсистираше да оди на понатамошни пософтицирани испитувања (во лудница на пример), но тој културно го одби љубезниот гест на лекарот.
Неговата глава не поминуваше. Неговото ментално здравје беше сериозно нарушено. На лекарот не му беше јасно што се случува со него, па инсистираше да оди на понатамошни пософтицирани испитувања (во лудница на пример), но тој културно го одби љубезниот гест на лекарот.
Тој сепак како постмодерен уметник, а тие…
Се извинувам, не ви кажав дека момчето стана постмодернист?
Тој слушна дека во тој момент во мода е постмодерната, па своеглаво се определи да стани постмодерен уметник.
Го прашуваа шо значи тоа. Им објаснуваше дека тоа е исто како модерен, ама малку помодерен од модерен. Реакции имаше многу. Реагираа и му префрлаа дека по се изгледа е ептен постмодерен, па ништо не го разбираа. Почнаа да не го разбираат кога пишуваше, кога зборуваше, кога зборуваше по телефон, кога прашуваше, кога одговараше… сето тоа резултираше со една лична фрустрација и со едно цврсто решение да се откажи од својата професија…
Секогаш беше подготвен да сослуша се' од секого, но не му се зборуваше. Немаше веќе никому што да кажи и не сакаше никого да залажува, па се што кажуваше беше дека нема што да кажи.
Главата му беше полна со букви, а од буквите никако не можеше да создади веродостојни зборови. Се откажа од барањето на секакво решение…
Седеше потпрен на ѕидот. Тоа беше се' што правеше. Ништо веќе не можеше да стори за себе. Напротив од се она што можеше пред тоа.
Се чувствуваше мртов, немоќен да стори било шо ни за себе ни за другите.
Седеше на погрешната страна од ѕидот. Кога ѕидот би се урнал, би се урнал врз него. Го знаеше тоа од искуство. Секогаш паѓале врз него.
Седеше потпрен на ѕидот. Кога ќе се измореше, заспиваше. Постојано го сонуваше истиот сон, но тоа не беше сонот на тоа спиење. Тоа беше сеќавање на сонот што го сонуваше како дете.
Му здодеа монотоното движење. Почна да се смалува. Сакаше да се смали во нешто незначајно, нешто… ништо. Никој и ништо да не можи да му преречи.
Минатото му беше неразбирливо. Живееше во неговата сегашност, а таа беше прекратка за нешто да се случи освен таа самата.
Седеше потпрен на ѕидот. Тоа е се' што правеше. Напротив од она се' што можеше да го направи. Размислуваше да се премести на другата страна од ѕидот, но знаеше дека тоа нема ништо да промени. Ѕидот и на таа страна би се урнал. Би се урнал врз него…
Собра храброст и се предаде на таканаречен нов почеток.
Ги следеше калливите траги по парковите.
Тивко, никој да не го сети, да не го види… победе.
Радост, тага, болка…ги примаше со широки прегратки.
Со презир во неговите пореметени мисли стана крепосник на нечовечките тортури.
Пак стана фигура која не фигурираше во целата таа игра на равенки, но овој пат покрај него имаше и други фигури со кои заедно не фигурираше.
Стана препариран идиот кој умееше да се смее…
No comments:
Post a Comment