Не би бил јас ако не сум јас, то ест не би бил јас ако не се изнамрчам за сѐ и сешто. Професионална деформација… или дејност, сеедно. Ќе бидам краток и гнасен.
За ногу години да е дено. Македонија доживеа двајсе години во порно филм, ама ако, чунки ебачите се менваа, не беше монотоно… се менваа ебечите, се менваа пози, се менваа локации… само народо си остана истио, ебан.
Најјака беше на осми сцената. Групен секс на плоштадо во Скопје. За сценографијата се погрижи… ај бе, шојма везе, знајте… кој ги клае тенеќината на плоштад?
Да се навратиме на постари сцени од од порно филмот во ексремно голем број на делови (франшиза бе, франшиза, шо му мојш?!) наречен „Независност“.
Седат старци во парко и го тепаат времето со бош муабети од типот: На времето…
Наидува камерман од некоја ебиветер приватна телевизија, со дополнителна опрема, згодно чупиште со микрофон во рацете (абе колку да се прајш дека не е така, ама сѐ на порно асоцира). Се приближуваат кон најблиското старче и гордо го запрашуваат:
- Господине, што Вие мислите за сегашната власт?!
Старчето се накашлува како сваќа за топла ракија и гордо почнува да просерава:
- За власта ме прашваш, за оваа сега шо е, за новава?! Викај посилно, непара слушам!
- Да да господине, за новата власт Ве прашвам. Што мислите Вие за новата власт?!
- За мерак је. Ете јас гласав за ними и пак ќе гласам ако треба, само пенѕијата да ја поткренеја уше тро!
- Значи Вие сте задоволни со сегашната власт?!
- Презадоволни сме. Убо е. Се прај ново. Споменици се прат, џадиња нови се напраја… и други работи се прат, не ми текнува сега… рака на џигер, за мерак е! Само пенѕијата да ја поткренеја уше тро! Ете сино го избркаа од фирмата кај шо работеше триестипет години, сеа дома седи без пари и власта вели дека му је крива, ги испозатворила фабриките… ама не вервам јас, власта за мерак е! Ете внуко се запиша на факултет пред двеипол години, сио со петки беше насколија, па виде на телевизија оти нон стоп се рекламираат факултетине, па сторе ниет татка му, се зајме пари па го запиша… ама не ој поќе, нема татко му со шо да го школова, а и зајмо треба да се врати… ете и сната не работи поќе, не можи, од ногата има мака, требало вештачки колк да и се клава, ама скапо било… него пенѕијата да ја поткренеја, другото за мерак је!
Во Скопје нови рејзој. Машала, на два спрата со поткровје.
Рампо од Канатларци (Прилепско) има осумнајсе декари тутун и 6 декари бавча…
Бостано годинава не му се сторе, семето глуво се погодило. Рампо на телевизија зауше оти нови автобуси дошле. Државата се зајмила пари, та накупила нови. Ќе се вратат полека парите, од тутуно, од бавчата, од бостано, од лозјето… Рампо не можеше да ја сокрија среќата од то шо го виде на телевизија и со трчање се вдаде в бавча кај шо копаше Рампојца:
- Да ни цути власта, рејзој ни накупе! Ете во Скопјето еден куп има, ги показаа со камерата! Шознајш мори, утре-другиден можи и кањас во Прилепон ќе таксаат некој, та че се возам одспреди, одма зад шоферон… ми се збоктиса кобилана и шпилитерон… сега че насадам уште појче тутун и бавча, за појче данок да ми зема, можи пубај рејзој че купа за нас!
Фајкур јас со работата во Скопјето. То шо поработив поработив, пари колку да не е без ич. Си дајф отказ со надеж за пубаа чесна работа. Барај, барај, цел интернет ми истече од пуштање мејлој со сиви по тоа огласите… полоња година во обуки ми помина… по фирмите. Сега слободно можам да вршам обука на обучувачите кои обучуваат обучувачи за обучување.
Ама тука е лошото, од толку многу шо сум обучен ми е страв во сивито да напишам, оти некој менаџер на некоја фирма ко ќе прочита ќе си речи:
-Ако го клам овај на работа, поќе од мене го волесва, ќе ми го земи местото…
Ајт дилит месаге.
Си шетам така замаен, зачмаен… свесен оти дое крајо на авантурата во градо смрден, се испулувам за крај по то тенеќината… се шетам наваму-натаму и погледо ми запна во кованите златни огради на еден од мостојте… абе од толку милина шо ми дојде, ме фате ќеф да се обесам на нив, ама се премислив. Ако се обесев, опозицијата ќе го употребеше то во нејзина корист…
Се пуштија во употреба нови чешми, нови фонтани, нови…
Такво дое времево, да не мојш рает чикуладо да си касниш, ќе ти дој власта на отворањето…
Кошарката заврше. Сето македонско челаде на нозе со рацете пругоре. Македонија четврта на европско… ете крајот го краси делото. Ќе завршам со позитивна ствар. Ги оправдувам и тие шо до чера не знаеја шо е топка кошаркарска, а денес станаа најстрасни навивачи (и навивачки). Ако, убоо е да се радва народо на вакви нешта. За убоо за арно да е, само за убај рабоќе да се гледаме.
На една битолска телевизија имаше (можи и сеуште има) една информативна емисија (вести бе) која се викаше „Светот денес“.
Спикеро (или спикерката) на крајо емисијата ја завршваше со реченицата:
-Драги гледачи, светот денес заврши!

No comments:
Post a Comment