Порано мислев дека еден дел од околината шо ме опкружуваше има коефициент на интелигенција колку кисела крастајца. Откако таа околина си напрае профил на фејсбук, се уверив во тоа. Користењето на фејсбук, од било каков аспект, е затупувачки. Имало позитивна страна ќе ми речат. Корисен бил. За шо? Некој на нива тутун да не сади со фејсбук, или некој на тезга зелки да не продава со фејсбук?!
Не бе! Така полесно се завршвало факултет, пошто на фејсбук мојш да ги прашаш колегите од колку сато е утре испито, а тие ќе ти кажат дека е во деветипол… хм… сега ми е јасно. Кога јас се запишав на факултет немаше фејсбук, зато не ми е сеуште завршен факултето, а јас сум толкав глупсон шо не ми текнало да се зафатам за работа, фејсбук-мејзбук, туп ете ти диплома…
Абе и друга позитивна страна имало. Со тие шо не мојш да се видиш оти се негдеки џенем, туп на фејсбук слики-мики, чат-мат и совршена дружба… оние шо се во близина шо ги матиш, неоти се битни, чунки подалеку од очите, поблиску до срцето…
Нема позитивна страна фејсбук. Веќе не. Едно време имаше некои попаметни (ко мене) шо пробуваа да презентираат нешто паметно и на таа социјална мрежа, арно ама не мојш да бидиш паметен со недозреани. Ништо од то. Следна цел на тие попаметните беше дриблање на останатите. Па се здосаде и тоа. И ќе ме убедуваат ова она, имало позитивно нешто, ќе ми се вадат со некои изговори...
Ех која затуцана младина бевме јас и компанијата, шо се разбркувавме по улици, десет-девет шо игравме до ниедно време, шо дремевме кај шо ќе ни прднеше на куро, шо дремевме по паркој дури да дојди минус 50, шо ни текна да се задомаќиниме во училиштето шо се реновираше, во канцеларијата, ракиче, пивце, мезе… шо напрајфме филм дека во една напуштена куќа има духови и еден куп поверваа, шо праевме снешко секогаш кога ќе паднеше снег, шо си ги кршевме глајте на подмрзнатите слизгајнци, шо пиевме в кола како да сме в кафана…
Која затуцана младина…
П.С. Насловот нема врска со ништо друго освен со самиот себе си и со филмо на Земекис.
No comments:
Post a Comment