Одеднаш, во ова глуво доба (глуво доба… ме интересира оти го викаме така? Така го викаме дека во ова време од ноќта повеќето спијаат и не слушаат дури јас чкрапам на тастатурата, или пак така го викаме дека јас не ги слушам, а не ги слушам дека спијаат и не бушат со бормашина?), добив желба да поднапишам нешто за неговото височество, или нејзиното… Чумата на 21 век позната под името фејсбук. Конкретно за потребата од чукање на слики… многу слики… ептен слики. Слики со чешмата. Слики со терасата. Слики со плочките од купатилото. Слики со телето… ама најпоќе ми е за сликите со либето. Е ко ќе опали некоја припадничка на турни ме да кинисам рајата, слика од мандако, или пак некој припадник на рајата со мозок колку кисела крастајца, слика од мифката, абе да ти е мерак Мозилата да ја одинсталираш… така стројни, убај… расеани во цртите на лицето, слободно можат да настапуваат хонорарно во туѓите кошмари. Фреди Кругер гомна да јади. Ама уште померак ме фаќа ко ќе ги прочитам коментарите од типо:
Преубај сте!
Да бе, преубај се! Од шо се преубај, на плашилата децата можат да му ги плашат.
Е сеа не ми е јасно кои се поебиветер. Тие грдосиите шо си ставаат слики, или пак тие другите шо му велат дека се преубај.
Добро бе да му ебам мајката, а дојди недела, фејсбуко бавно работи. Преоптоварен. Обичното сељачко челаде реди слики од саботата вечерта. Сите да знат дека Мара цела вечер ја поминала во три нужници, ама не обични нужници, туку нужници од салам локали, ексклузивни, со убај плочки. Криво ми е шо му го избришав профило на фрижидеро мој. Убај слики имаше, до плочките… со кварцната…

No comments:
Post a Comment