Ха! Ми се прај некој филм, одамна немам напраено некој добар филм, а и одамна не ми има светнато некоја добра идеја… хм… од Терминатор 2 никако да ми текни нешо солидно, а париња имам… Титаник можи потона, ама јас си добив црна кутија полна со пари, а и оскарчињата убоо ми се платија… абе ајде, шо ќе биди нека биди, ќе напраам блувајнца, ќе опнам еден куп пари на реклами и играчки и… ете ти филм на годината. Како да го крстам? Хм… нека се вика Рампо. Не! Нека се вика Касандра! Не! Нека се вика Аватар. Ете така, здрав и жив да е голем да расти…
- Ало, Холивуд?
- Да повелете.
- Јас сум една пропалица, ама сакам да ви кажам дека вампирите треба да бидат морничави, страшни, зли… така мене ми ги опишуваа во приказните за заспивање. Тие имаа долги заби (вампирски) и цицаа крв, вие нешто сте помешеле, вашите вампири цицаат кур.
Добар ден господине Емерих. Се сеќавам на вас, имавте еден не толку лош филм, Денот на независноста ќе да се викаше, аха, оној со летачките конзерки… е па господине, требаше таму и да престаните, поокеј ќе бевте. Не мораше да продолжувате со мочајки и да стигните до 2012. Јес да е популарна година (тогаш можеби ќе имам шанса да одам на одмор некаде подалеку од Претор, така се предвидува, макар шо јас цврсто сум убеден дека пак Претор ќе ом…), ама да престаниме со тупење и со градење на арки. Муабето ми е дека филмо ти е… дај сценариото, ќе ом до нужник, ќе ти кажам за шо ти е. Ете така. Поздрав. Јави се ко ќе планираш да снимиш нов филм, да те позаебавам…
Ми се јаве вчера Кјубрик на сон. Ми мрмлаше нешто за портокали чоеко, можи треба да пом на гроб, за душа да му однесам портокали… Не бееееееееее! За филм ми збораше. Ќе му однесам портокали за душа и благодарност за Одисејата. Супер мајмуни, супер сценарио (Кларк, ти добиваш банани за сценариото…). Е ова е ремек дело. Нека ми речи некој дека сајанс фикшн сакс.
Јода вчера помина до кај мене. Зборувавме за Силата и за Џорџ Лукас. Кажа доста позитивни нешта за Лукас и за некоја трилогија Стар Ворс. На почеток не ми беше баш јасно шо мели, ама ми текна, трилогија, да беееееее, старите одлични три дела од Стар Ворс. Зборувавме и за Индијана Џоунс, даскало беше јак фраер со камшик, а не како денешниве фраери, да не речам педери. Имаше шмек Џоунс, а и авантурите имаа шмек. Денес секоја авантура е бледа копија на тие авантури. Спилберг… ние за волкот, Спилберг на врата. Заборајф дека бевме договорени да јадиме растурен ражнич во сос кај Злате, ама ете ти го тој со ребренца на скара… си мезиме така и јас нешто се позаебавав за приказната со Делорејно и Чак Норис, па не можеше да се избегни разговоро на тема Враќање во иднината. Ех Чак Бери и Џони би гуд… нема шо, уживанција. Уживанција и во првиот и во вториот и во третиот дел. Нема денес такви уживанции во три дела. Денес нема такви уживанции ни во еден дел. Се подналуте Спилберг ко му реков дека четвртио дел со даскало не му требаше, ама му помина ко дрмна од временската машина (ракијата моја).
Јода спомна дека Џим Џармуш, Тим Бартон, Гај Ричи, Френк Оз (Френк му го позејмил гласо во Стар ворс оти Јода пред тоа бил на концерт на Дип Парпл и многу викал, па му се фатил гласо…), Роберт Земекис, Мартин Скорсиз, браќата Коен, Кевин Смит, Тери Гилиам, Дејвид Линч, Стенли Кјубрик, Френсис Форд Копола ептен му прат ќеф со филмчината, а и општо, заслужуваат почит. Јас се согласив со Јода. Морав. Фак вит Јода, дај ју вил…
Вака можам до Велигден, со овие Палп Фикшн, ама друг ми беше муабето… појма немам шо ми беше муабето, ама сакам сеа еден муабет да кажам. Не можи туку тики така да се плука по жанр. Секој жанр си има и убоо и неубоо. Научна фантастика = турбофолк. Тоа е тешко обвинение, тука Кјубрик и Кларк можат ептен да се навредат.
А за последнио филм на Рамбо шо играше во Роки… не чини. Многу куршуми има. Е па ако некој очекува од сите холивудски тепачишта и пукачишта собрани на едно место да гледа нешто плачипичкарско во стило на филмојте… еј не ми текнува сега некој таков… ама муабето ми е дека од овај на Сталоне освен пукајнци и не се очекуваше ништо друго. Ни плачипичкарски, ни психолошки, ни Сексот и градот… мене ми се бендиса. Забавен ми беше.
Инаку ми текнува пред да излези Аватар колку многу серев за него, дека ќе биди ептен просечен филм. Ми текнува колку многу ги нервирав сите околу мене со тој муабет. А уште ептен поќе ми текнува ко излезе филмо салам и ко го изгледав. Е на серењето мое му немаше крај. И пак на нерви одев. Ама гледам сега се поќе и поќе ја завземаат мојата страна. Или им требаше многу време за да го сфатат филмо, или им требаше многу време за да ме сфатат мене, или пак ради поштовање…
Господар на прстените. Кое тупење. Како не му се потрошија оскарите на Академијата…
Ех колку време изгубив со филмојте. Било какво поинакво губење време ќе беше помало губење време отколку времето шо го изгубив за овие филмој. Ништо не ми текнува шо глеав, уствари ми текнува, ми остае впечаток една сцена, а таа е кога едно дрво шо оди (па нормално, во филмо само одење имаше, па оти и дрвото да не оди), ќе се запали и најјако ми е ко ќе се гасни во водата. Е само на то се сеќавам, ама не сум сигурен дали од тој филм е сцената…:)))
Ех колку време изгубив со филмојте. Било какво поинакво губење време ќе беше помало губење време отколку времето шо го изгубив за овие филмој. Ништо не ми текнува шо глеав, уствари ми текнува, ми остае впечаток една сцена, а таа е кога едно дрво шо оди (па нормално, во филмо само одење имаше, па оти и дрвото да не оди), ќе се запали и најјако ми е ко ќе се гасни во водата. Е само на то се сеќавам, ама не сум сигурен дали од тој филм е сцената…:)))
Холивуд сибаа пиперо. Тешки патетични срања им се предизвик. Ретко нешто да се двои, да е срање, ама не тешко, не патетично. Ама зато се тука Британчиштата, Французиштата, Јапончиштата, Италијанчиштата, Екс Ју – чиштата…
До следната емисија.
No comments:
Post a Comment