Friday, June 1, 2012

Коњаникот Сабја и Ѕвездените шерифи


Кучината лаат, годините си врват...

На осми јуни ќе се слави 10 годишнина од мојата матура на која не појдов заради кладба. Која коенциденција. Заради распоредот на деновите за одмор, нема да присуствувам ни на 10 годишнината. Ова со матурата ме потсете на некои случки од сколијата.

Со мојот најкул другар бевме неразделни. Додека сите сакаа да седат со чупе, јас и тој седевме заедно. На последна клупа, до џамо. Понапредни од сите, имавме (тој имаше) Плеј Стејшн 1 (Плеј Стејшн човече, за тоа време кај нас во државата беше научна фантастика, една година покасно почнаа да се отвараат играчници со Плеј Стејшн)... Реков понапредни. Имавме и јузер акаунти во сите видео клубој во градо (на име на брат ми), па растуравме со гледање филмој... Порничите беа светиња. Не беше битно само порнич да е. Беше битно кај е снимен, дали има приказна, какво е осветлувањето, дали има музика... уметност беа за нас, особено за другар ми. Во една прилика во Кинг (позади Уредо) влегуваме и Никола (другар ми) после срдечнио поздрав издава наредба:
- Брат, ќе ми дајш порнич некој, ама шо го немам гледано!
Овај од видео клубо, заборајф како се викаше:
- Е да бе, па ти сите да не ги имаш изгледано?!
- Да не не па! – извикав.
 Ни дава некој порнич и Никола внимателно се загледува во наслово:
 - Ех, овај го имам гледано, на јахтата шо е снимен... дај друг, дај некој понов!
Вади овај од клубов од едно кутиче една касета и ни ја дава:
- Е овај е најнов, вчера ми стигна и јас го немам изгледано, само го ѕирнав малку, има добри женски (и овај од клубов наш чојак бил, се издаде).
А шо се работи? – запраша Никола.
Јас почнав да се виткам од смеење. Каква треба да ми е реакцијата на прашање од тој калибар? Шо се работи во порнич? Ама во ред, напоменав дека сепак битно ни беше дејствието иако звучи заебано.
- Шо се работи? Па едни двајца се бркаат... има и голотија... чат-пат...- се позаебава батката од видео клубо.
Никола се сете дека не му беше прашањето на место, то ест баткава не го разбра, па појасна:
- Абе не, мислев кај е снимен, на кое место...
- Горе на Тепсија (Бајро, кај најзапустените Ѓупци, јас тоа место Лас Вегас го викам)!
Ај не се смеј да те видам!
Наслово на филмо не ни беше познат...

Кога се отворе О2 видео клубо, новина беа филмојте со македонски превод. Ние порничи со македонски превод земавме.
Почнавме и криминал да прајме. Некои порки кои ги имавме во колекцијата, веќе здосадени, ги заменувавме со овие поновите. Како? Па си носев на сколија прибор. Ги одлепував внимателно касетите од О2, скроз внимателно за да не се скини некоја лепенка, па го вадев филмот, лентата, омотот, шознам како се вика точно, можи Ленка се вика. Значи го вадев внатрешниот дел, и го заменував со друг филм, од постарите, здосадените порничи. И така ги враќавме касетите. Абершум ги напрајфме. Пример „Секс на ориентот“ заменет со „Рашн институт“... Јув гат мај поинт.
Обично на час по математика го праев тоа, професорката беше мирна, премногу. Една од професорките. Секоја година ми се сменуваа. Јас бев во таков клас шо секоја година запознаваше нови професори, по сѐ. Бегаа од нас, ваљда. Значи по математика, Џив Џи, така си ја викавме. Одвртувам видео касети, другар ми чирак. Поминува покрај нас професорката и со нежен глас:
- Љупчо што правиш, зошто не внимаваш?
Јас изреагирав како од џамо малку ветер да ми дувнал во увото и без некои знаци на заинтересираност за прашањето на професорката си продолжив со работата, ама затоа Никола и одговоре:
- Професорке, остајте го, гениј е тој! Сега од касетата видео плеер ќе напрај.
Со прашалници над глата и без никакво негодување професорката си продолже со предавањето, а јас со генијалноста.
На свадба не нѐ покане. Срам да и е, а ни вете дека ќе не покани. Џив Џи младичка беше...

Во една прилика, во незнам која година, сите исти ми се, бев разделен од мојот најкул другар. На писмена работа по Бизнис и менаџмент. Професорката, на Штрафо жена му ми нареде да седам до Злате. За да не прам галами со Никола,  пошто и онака и двајцата немаме научено, ќе мелиме цел час...
Добро, си седнав до Злате, добар другар од Крани. И си седам со тестот пред мене и се досадувам. Надвор не ме пушта...
Гледам Злате се мачи да препишва од мали ливчиња...
Му ги зедов ливчињата и почнав да му диктирам. Професорката:
- Љупчо, зошто вражаш, зошто галамиш, да не препишуваш!?
- Не професорке, досадно ми е, сам си зборам!
Дојде да провери, ама тесто мој празен како Корзо шо беше зимоски на минус 30.
Продолжив со диктирање на одговорите на прашањата од тесто на Злате.
Професорката:
- Љупчо, во умот зборвај си ако ти е досадно, му сметаш на останатите! Златко, да не ти смета, да не сакаш да го преместам?!
- Не професорке, не не! Не ми смета, нека си седи!

Злате доби петка. Тест без ронка грешка. Јас си добив другарски удар по рамото од Злате во знак на благодарност...  и нула на тестот.

На час по математика, ама не од Џив Џи туку од Павлина. Мирна и напатена душичка, нон стоп во црно. Се ширеа муабети дека изгубила сопруг и дете во сообраќајка, дека има болно дете, дека... имаше поќе гласини, не знам која беше точна, ама едно беше точно. Точно беше дека професорката е напатена душа.
Не и галамевме на час. Јас и Никола имавме почит кон неа. Нешто од сожалување, а  и заради што беше добра со нас. На нејзини часови си мирцавме со Даниела. Напредни. Тогаш почнаа да никнуваат интернет кафињата во градот. Јас и Даниела со ливчиња, преку клупи. Така мирцавме.
Бев тотално незаинтересиран за часот (си знам јас математика, нема потреба да внимавам), ама одеднаш се вклучив. Онака. Професорката објаснуваше нешто во стилот:
- Го гледате пенкалово (стилото, или што би рекла Елена Одрилеп да гебам, налив), е ако јас го поделам пенкалото добивам две половини. Ако едната половина ја поделам пак ќе добијам две половини... и ако така продолжам, на крајот ќе ми остани ништо, нема што да делам...
Не се доискажа, сигурно имаше добар заклучок, ама јас се вклучив од никаде:
- Нема теоретски шанси професорке! Не можите никогаш докрај да го поделите стилото!
Класо навикнат од испадите мои и на Никола, не му преостана ништо друго освен да почни да се смее.
- Љупчо, како тоа, што сакаш да кажиш?
- Па професорке тоа е парадокс, се вика Ксерокс или Неон, не сум сигурен, ама тоа е парадокс. Парадокс со стрелата и метата. Стрелата никогаш нема да стигни до метата, така и стилото никогаш нема да го поделите...
- Љупчо, не те разбирам што сакаш да кажиш. Стрелата дали ќе стигни до метата зависи од силата со која е упатена кон метата.
- Не професорке, не е така!
Станав да демонстрирам. Демонстрација видена делумно од филм. Го искористив моменто за да и разјаснам на професорката. Битен математички факт :)
Застанав на крајот од училницата. Класот веќе не знај дали треба да се смеј или да вика жолто комбе од Демир Хисар. Јас објаснувам:
- Сега професорке се наоѓам на Х-растојание од таблата, сега ќе појдам до средината на училницата и ќе бидам на половина од тоа Х-растојание, потоа на половина и од тоа новото растојание...
- Премини на главното Љупчо!
- Па главното е дека е сѐ бесконечно... вселената е бесконечна... па ако е така, тогаш и моето растојание до таблата можам да го делам на бесконечно многу половинки и никогаш да не стигнам до таблата. Растојанието помеѓу метата и стрелата можи да се подели во бесконечно многу половини, па така стрелата бесконечно ќе лета и никогаш нема да стигни до метата. Исто и стилото можи да се подели во бесконечно многу половинки и секогаш ќе има нешто што ќе останува, а не ништо како што вие кажавте... теоретски...
- Љупчо браво! На почеток ме збуна ама сега ми е јасно што сакаше да кажиш. Иако јас објаснував друга теорија и нема некоја допирна точка со овој твој парадокс, ми се допадна она што го кажа. До крајот на часот ќе ми бидиш асистент. Излези на табла и да пишуваш.
- Не можам професорке!
- Зошто, што е проблемот?!
- Не можам да пишувам на табла професорке, теоретски не е возможно да стигнам до таблата!

Јас таа година си имав 4 по математика, иако не бев заинтересиран за писмениот дел.

Во трета и четврта година си имавме ист класен. Борче. Средовечен пијаница. Во трета година во класот дојде и другиот Никола, екс кошаркар. Во трета и четврта бевме фантастик фор. Јас, Никола, Никола другио и Игор од Боримечка. Игор беше министер за сѐ. Од многу области имаше познавања. Мрзлив тип, ама интелигентен. 
Ако некој од нас беше одсутен од час, на некои професори не им се предаваше. Им недостигавме. Особено на класниот. Приврзан беше кон нас. Не подтолчнуваше понекогаш, малку на мајтап, малку на вистина, ама тоа беше затоа што се грижеше за нас.
Кога бегавме од часој, бегавме четворицата заедно.
Дежурниот не кажуваше увек по овај редослед:
Никола Ч.
Никола Х.
Игор Ј.
Љупчо М.

На класен во понеделник:
- Во средата на таа и таа дата отсутни биле Никола, Никола, Игор, Љупчо.  Зошто?

Никола Ч:
- Професоре, ми падна шеќерот, па ми се снеарне, па си ојдов дома!
(Никола е дијабетичар. Од мал, од седмо одделение. Со инсулин се боцка. Единствено тоа не ми се допаѓа кај мојот најкул другар, ама што е то е. Еднаш се нафиксав и јас со инсулин, интересно е, ама за тоа во некоја друга прилика).
- Добро Никола, еве оправдани. Другио Никола! Кај беше ти?!
Никола Х:
- Професоре на Никола му падна шеќеро, па мораше да си оди дома, ма да не го оставам сам, појдов со него...
- Добро, оправдано.  Игор, ти?!
- Па професоре знајте дека имам проблеми со стомакот, а и мајка ми беше, Ви кажа... Ме фате стомакот,  си ојдов дома професоре.
- Добро, оправдани. Љупчо, кај беше ти?
Овие копуциве ги искористија џокерите, па без некое големо мислење одговорив:
- Избегав професоре!
- Да ви ги ебам врвците да ви ги ебам! Четворицата имате избегано заедно! Ќе ви кажам јас вас! Еве ти и тебе оправдани како тие другите шо лажат, ај да не чкртам во дневнико, најичкртан е нашиот дневник заради вас...

Не приметив како ми поминаа тие четири години. Секој ден ми недостигаат се поќе и поќе. Некогаш сонувам како сум во клупата во средно. Со класот околу мене...

Имаше веројатно и лоши моменти, ама воопшто не се сеќавам на нив. Се сеќавам на оние добрите. За среќа ги имаше многу.

Убаа дружба имавме ние четворицата плус Јасмина од Кавадарци. И таа беше од наш ков, само шо понекогаш знаеше да ни рассоли памет, па на заебанција да и бапниме по некоја клоца.  Јасмина вчера ми се јаве да ми кажи за 10 годишнинаната. Се разочара кога и кажав дека нема да присуствувам:
- Посерко ниеден. Ај даа (кавадаречки: ај да ја ебам). И за матура не беше, а и сега... стварно си сноб!
Е па шо да прам, така ми се погоде плано. Не дека неќев да одам на десетгодишнина. Цела година попував за тоа. Како сите ќе ги заебавам. Кој се здебелил, која се напрајла како свиња, кој по 3 деца... ама ништо. Ај за петнајсегодишнина...

На час по македонски во четврта година. Писмена вежба на тема извлечена од некое книвче.
Сите пишат, јас чкртам. Никола, Игор и Никола пишуваат заеднички труд. За мене. Ме заебаваат нешто...
Некои 20 минути пред крајот на часо професорката наредува да се прекини со пишување и да се премини на читнување на некоја писмена вежба.
Појма немав шо имаат начкрапано трујцата кусметари (мускетари) за мене, ама тоа не ме спрече да дигнам рака и да ја читам баш таа писмена вежба. Храброст се вика тоа. Зелено светло за читање.
Почнувам да читам. Ракописо на Никола Ч. не беше ракопис. Тој исто ко со нозе да пиши, ама без да ги собуја патиките. Читнувам и подзастанувам, ко во прво одделение да сум. Професорката:
- Добро бе Љупчо, толку си неписмен, не можиш ни твоето да си го прочиташ!
- Ама професорке ова не е мое, ова е од овие тројцата, а јас зедов да го прочитам, пишеле нешто за...
- Не ме интересира што пишеле тие, читај ја твојата писмена вежба!
- Ама професорке јас не напишав...
- А зошто?! Мангуп изиграваш нешто?! Цел клас пиши, а ти најмангуп а?! Е па сега усно ќе зборуваш за темата од писмената вежба.
Не спомнав прее шо беше темата. Темата беше од „Странецот“ на Алберт Ками. Јас ја имав прочитано, ама нема шо да се фалам со тоа, во мода беше да не се чита тоа шо е за на сколија, со тоа се фалевме, ова срамота беше...
Почнав усно да зборувам. Почнав за мене да зборувам, демек јас Странецот сум. Во прво лице. За инает. Ѕвончето заѕвона. Сите станаа. Професорката издае наредба да седнат, да ме дослуша. Помелив уште малку... Завршив со мелење.
Професорката:
- Љупчо, што да ти речам изгледа навистина си мангуп. Браво! Еве ти едно петче заслужено. Ученици, да си знајте, мангуп е!

Мангуп бев бе. Уште сум! :)

А кладбата за матура. Па тоа се случи онака. Ми пиштеа чупиштата од класо. Еден месец пред матура ги фате некоја еуфорија. Само за тоа зборуваа. Матура, фустани, шминки...
Им се раскарав и им објаснав дека наместо фустани, пердуви им требаат. Гуски без пердуви не ги бива, освен печени...
- Ти бе море пијаничиште едно, ти најде да збораш, ти прв си за на матура...- се распале Силвана.
- Мене секој ден ми е матура, со другарчинава секој ден сме по кафани, славиме матура...
- Остај тоа, ова е друго, ова е спектакуларно...
- Спектакуларно жими кифлите солени со јогурт од кај Ајчо! Ај се кладиме дека јас нема да дојдам на матура!
И се кладивме. И не појдов. Вечерта си седев во парко. Мое место, парк. После 12 на полноќ ме најдоја другарите. Биле дома. Мајка ми им кажала дека в парк сум. Никола Х. ,екс кошаркарот, ми се обрати:
- Љубе, се договоривме да те собериме на матура, ни фалиш за пиење. Па планот е да дојдиш своеволно или пак да те претепаме и да те земиме со сила. Твој избор.
Своеволно си е своеволно, кај сум давал јас некој силум да ме влечка. Не ми беше за ќотеко... Своеволно заминав на матура...
Убоо си поминавме. А уште поубо шо си имам јас другари како моите другари. И пријатели си имам. Често се заебавам: Кој има пријатели како моите, што ќе му се непријатели!

П.С. Писмената вежба за мене, онаа што ја пишуваа Никола на квадрат и Игор беше прилично смешна. Се сеќавам дека многу се смеевме, ама не се сеќавам на сите глупости од неа. Се сеќавам на завршниот дел, кога сме биле на екскурзија и јас сум пошол да мочам во некој џбун. 
Некоја змија отровна ме каснала на незгодно место, па другариве не можеле да го исцицаат отровот... сум умрел. Во моја чест другарите основале друштво за заштита на мочковците како мене. Друштво против змиите...

No comments:

Post a Comment