Ветувам дека мојата професија нема повеќе да се темели врз
една општа некоординираност со околината и на чиста конфликтна практика
со
луѓето што ме опкружуваат. Ветувам дека повеќе нема да бидам дежурен
мрчатор. Ветувам дека нема повеќе да одредувам коефициент на
интелигенција по гледани
епизоди од шпански, турски, индиски и слични такви збоктис серии, во
спротивно,
ветувам дека и јас ќе почнам да ги гледам. Ветувам дека нема да правам
мајтап
на туѓа сметка. Ветувам дека нема повеќе да кажувам црн хумор. Ветувам дека нема да
зборувам неубај работи за чупината шо се сликаат со муцки напрчени во нужниците
по кафичите, за потоа истите слики да ги стават на фејсбук. Ветувам дека
ќе станам активен член на фејсбук и ќе се зачленам во сите групи од типот: За сите оние шо имаат к*р, или пак
познаваат некој шо има к*р, или: Да се собериме 8 миљони души до
Велигден... Ветувам
дека нема повеќе да зборувам лошо за фонтаната кај Магнолија. Ветувам дека нема
да пцујам по дупките на улиците низ градот. Ветувам дека нема повеќе да јадам
гомна за ексклузивните ноќни клубови. Ветувам дека нема да зборувам лошо за
спомениците и статуите поставени благодарение на моменталната прекрасна власт.
Ветувам дека на следните избори ќе бидам озбилен и ќе гласам онака како шо доликува,
со заокружување на вистинскиот кандидат, а не за Брус Ли или Крали Марко.
Ветувам дека нема поќе да се бунам за
високата цена на крастајците, притоа ветувам и дека нема поќе да пијам
ракија. Ветувам дека нема поќе да тврдам дека некој се богати благодарение
на високата цена на бензинот. Ветувам дека и јас ќе си напраам партиска
книшка. Ветувам дека ќе лепам плакати. Ветувам дека ќе слушам само турбофолк
музика и нема да велам дека таа е исто како да слушам сечење на ламарина со
брусалица. Ветувам дека нема повеќе да тврдам дека гласовните способности на
турбофолкерите се исто како да слушам чкртање со сува креда по сува табла.
Ветувам дека ќе ги исполнам сите ветувања.
Пи (Ем)Ес: Апри ли ли ли!
Ветувам дека ќе ги исполнам сите ветувања.
Пи (Ем)Ес: Апри ли ли ли!
No comments:
Post a Comment