Tuesday, October 25, 2011

Мементо

Се случи тоа во еден жежок летен период, средината на декември, во годината кога имаше најмногу снег.  Во еднo обично семејство, штркот остави едно бело како снег момченце. Кога го виде неговата мајка колку е бело, реши да го вика Црвенкапа…пардон…Снежана, но за среќа се појави друго момченце кое беше неколку години порано донесено од штркот во тоа обично семејство и извика:
-Машко е бре! Алооооооооооо! Ќе се вика онака како што јас ќе речам да се вика!
Желбата му беше исполнета. Малото момченце го доби токму она име што го сакаше големото момченце.
Како растеше малото момченце, сфаќаше во колку „прекрасен“ свет живее.
Како што растеше, така наидуваше на голем број нелогични нешта. Постојано беше обвинуван за тоа што во се' бараше логика. Го убедуваа дека логика нема, ама има нешто друго.
Во школските денови се однесуваше онака како што се однесуваше. Беше сигурен дека не постои некое конкретно определено правило по кое што треба да се однесува, па се однесуваше точно онака како шо му налагаше разумот, или неразумот.
На моменти создаваше слика за себе како лошо момче. Го посочуваа како своеглав (тврдоглав), а секако не беа далеку од вистината.
Вон тие моменти беше во ред. Околината го прифаќаше многу добро. Но него го измачуваше тоа што околината го прифаќаше кога глумеше дека е како околината. Мислеше дека е глупаво една личност да биди иста како сите останати. Воопшто не му беше интересно.
Поради тоа реше неговата идна професија да се темели врз една општа некоординираност со околината и на чиста конфликтна практика со луѓето што го опкружуваат.
Сакаше да стани писател.
Веднаш почувствува општествен отпор.
-Писател!? Подобро да бидеш нешто друго. Автомеханичар, електричар, машинобравар…да имаш некаков занает!-реагираа.
Сакаше да им кажи дека некој стар Грк рекол дека и пишувањето е занает, ама каков ќар од тоа? (занает ипол, затоа сите стари Грци се изумрени  :) )
Меѓутоа не дозволи глупавите аргументи на околината да го оттргнат од желбата да стани пишувач.
Пишувач, запишувач, опишувач, отпишувач, натпишувач, допишувач…
Од толку многу функции човек главата да го заболи. И навистина, го заболе главата. Кога му кажа на лекарот за неговите проблеми, тој детално го прегледа, му стави стапче во устата, мина низ неколку контроли, му земаа крв, мочка, го соблекуваа гол (не скроз) лежеше на триесет (со букви:30) кревети, запозна многу медицински апарати (и исто толку медицински сестри), ама…
Неговата глава не поминуваше. Неговото ментално здравје беше сериозно нарушено. На лекарот не му беше јасно што се случува со него, па инсистираше да оди на понатамошни пософтицирани испитувања (во лудница на пример), но тој културно го одби љубезниот гест на лекарот.
Тој сепак како постмодерен уметник, а тие…
Се извинувам, не ви кажав дека момчето стана постмодернист?
Тој слушна дека во тој момент во мода е постмодерната, па своеглаво се определи да стани постмодерен уметник.
Го прашуваа шо значи тоа. Им објаснуваше дека тоа е исто како модерен, ама малку помодерен од модерен. Реакции имаше многу. Реагираа и му префрлаа дека по се изгледа е ептен постмодерен, па ништо не го разбираа. Почнаа да не го разбираат кога пишуваше, кога зборуваше, кога зборуваше по телефон, кога прашуваше, кога одговараше… сето тоа резултираше со една лична фрустрација и со едно цврсто решение да се откажи од својата професија…
Секогаш беше подготвен да сослуша се' од секого, но не му се зборуваше. Немаше веќе никому што да кажи и не сакаше никого да залажува, па се што кажуваше беше дека нема што да кажи.
Главата му беше полна со букви, а од буквите никако не можеше да создади веродостојни зборови. Се откажа од барањето на секакво решение…
Седеше потпрен на ѕидот. Тоа беше се' што правеше. Ништо веќе не можеше да стори за себе. Напротив од се она што можеше пред тоа.
Се чувствуваше мртов, немоќен да стори било шо ни за себе ни за другите.
Седеше на погрешната страна од ѕидот. Кога ѕидот би се урнал, би се урнал врз него. Го знаеше тоа од искуство. Секогаш паѓале врз него.
Седеше потпрен на ѕидот. Кога ќе се измореше, заспиваше. Постојано го сонуваше истиот сон, но тоа не беше сонот на тоа спиење. Тоа беше сеќавање на сонот што го сонуваше како дете.
Му здодеа монотоното движење. Почна да се смалува. Сакаше да се смали во нешто незначајно, нешто… ништо. Никој и ништо да не можи да му преречи.
Минатото му беше неразбирливо. Живееше во неговата сегашност, а таа беше прекратка за нешто да се случи освен таа самата.
Седеше потпрен на ѕидот. Тоа е се' што правеше. Напротив од она се' што можеше да го направи. Размислуваше да се премести на другата страна од ѕидот, но знаеше дека тоа нема ништо да промени. Ѕидот и на таа страна би се урнал. Би се урнал врз него…
Собра храброст и се предаде на таканаречен нов почеток.
Ги следеше калливите траги по парковите.
Тивко, никој да не го сети, да не го види… победе.
Радост, тага, болка…ги примаше со широки прегратки.
Со презир во неговите пореметени мисли стана крепосник на нечовечките тортури.
Пак стана фигура која не фигурираше во целата таа игра на равенки, но овој пат покрај него имаше и други фигури со кои заедно не фигурираше.
Стана препариран идиот кој умееше да се смее…

Шчо напраифме?!

Не би бил јас ако не сум јас, то ест не би бил јас ако не се изнамрчам за сѐ и сешто. Професионална деформација… или дејност, сеедно. Ќе бидам краток и гнасен.
За ногу години да е дено. Македонија доживеа двајсе години во порно филм, ама ако, чунки ебачите се менваа, не беше монотоно… се менваа ебечите, се менваа пози, се менваа локации… само народо си остана истио, ебан.
Најјака беше на осми сцената. Групен секс на плоштадо во Скопје. За сценографијата се погрижи… ај бе, шојма везе, знајте… кој ги клае тенеќината на плоштад?
Да се навратиме на постари сцени од од порно филмот во ексремно голем број на делови (франшиза бе, франшиза, шо му мојш?!) наречен  „Независност“.
Седат старци во парко и го тепаат времето со бош муабети од типот:  На времето…
Наидува камерман од некоја ебиветер приватна телевизија, со дополнителна опрема, згодно чупиште со микрофон во рацете (абе колку да се прајш дека не е така, ама сѐ на порно асоцира). Се приближуваат кон најблиското старче и гордо го запрашуваат:
- Господине, што Вие мислите за сегашната власт?!
Старчето се накашлува како сваќа за топла ракија и гордо почнува да просерава:
- За власта ме прашваш, за оваа сега шо е, за новава?! Викај посилно, непара слушам!
- Да да господине, за новата власт Ве прашвам. Што мислите Вие за новата власт?!
- За мерак је. Ете јас гласав за ними и пак ќе гласам ако треба, само пенѕијата да ја поткренеја уше тро!
- Значи Вие сте задоволни со сегашната власт?!
- Презадоволни сме. Убо е. Се прај ново. Споменици се прат, џадиња нови се напраја… и други работи се прат, не ми текнува сега… рака на џигер, за мерак е! Само пенѕијата да ја поткренеја уше тро! Ете сино го избркаа од фирмата кај шо работеше триестипет години, сеа дома седи без пари и власта вели дека му је крива, ги испозатворила фабриките… ама не вервам  јас, власта за мерак е! Ете внуко се запиша на факултет пред  двеипол години, сио со петки беше насколија, па виде на телевизија оти нон стоп се рекламираат факултетине, па сторе ниет татка му, се зајме пари па го запиша… ама не ој поќе, нема татко му со шо да го школова, а и зајмо треба да се врати… ете и сната не работи поќе, не можи, од ногата има мака, требало вештачки колк да и се клава, ама скапо било… него пенѕијата да ја поткренеја, другото за мерак је!

Во Скопје нови рејзој. Машала, на два спрата со поткровје.

Рампо од Канатларци (Прилепско) има осумнајсе декари тутун и 6 декари бавча…
Бостано годинава не му се сторе, семето глуво се погодило. Рампо на телевизија зауше оти нови автобуси дошле. Државата се зајмила пари, та накупила нови. Ќе се вратат полека парите, од тутуно, од  бавчата, од бостано, од лозјето… Рампо не можеше да ја сокрија среќата од то шо го виде на телевизија и со трчање се вдаде в бавча кај шо копаше Рампојца:
- Да ни цути власта, рејзој ни накупе! Ете во Скопјето еден куп има, ги показаа со камерата! Шознајш мори, утре-другиден можи и кањас во Прилепон ќе таксаат некој, та че се возам одспреди, одма зад шоферон… ми се збоктиса кобилана и шпилитерон… сега че насадам уште појче тутун и бавча, за појче данок да ми зема, можи пубај рејзој че купа за нас!

Фајкур јас со работата во Скопјето. То шо поработив поработив, пари колку да не е без ич. Си дајф отказ со надеж за пубаа чесна работа. Барај, барај, цел интернет ми истече од пуштање мејлој со сиви по тоа огласите… полоња година во обуки ми помина… по фирмите. Сега слободно можам да вршам обука на обучувачите кои обучуваат обучувачи за обучување.
Ама тука е лошото, од толку многу шо сум обучен ми е страв во сивито да напишам, оти некој менаџер на некоја фирма ко ќе прочита  ќе си речи:
-Ако го клам овај на работа, поќе од мене го волесва, ќе ми го земи местото…

Ајт дилит месаге.

Си шетам така замаен, зачмаен… свесен оти дое крајо на авантурата во градо смрден, се испулувам за крај по то тенеќината… се шетам наваму-натаму и погледо ми запна во кованите златни огради на еден од мостојте… абе од толку милина шо ми дојде, ме фате ќеф да се обесам на нив, ама се премислив. Ако се обесев, опозицијата ќе го употребеше то во нејзина корист…
Се пуштија во употреба нови чешми, нови фонтани, нови…
Такво дое времево, да не мојш рает чикуладо да си касниш, ќе ти дој власта на отворањето…

Кошарката заврше. Сето македонско челаде на нозе со рацете пругоре. Македонија четврта на европско… ете крајот го краси делото. Ќе завршам со позитивна ствар. Ги оправдувам и тие шо до чера не знаеја шо е топка кошаркарска, а денес станаа најстрасни навивачи (и навивачки). Ако, убоо е да се радва народо на вакви нешта.  За убоо за арно да е, само за убај рабоќе да се гледаме.

На една битолска телевизија имаше (можи и сеуште има) една информативна емисија (вести бе) која се викаше „Светот денес“.
Спикеро (или спикерката) на крајо емисијата ја завршваше со реченицата:
-Драги гледачи, светот денес заврши!

Коњско нокте во сенката на орелот

Си беше едно место, една вукојебина, Чак Норис корнер од кај шо шутка, уџум, ехееееее, таканаречено Оризовград. На средина од Оризовград имаше шума. Покрај шумата течеше брза и кристално чиста вода. Да драги мои, тоа беше река, река каква ни се видело ни ќе се види. Над реката имаше прекрасен мост. Од мосто лево (лево ко ќе идиш отаде, а не ко ќе идиш одавде) па надолу живееше едно чупиште.
Чупиштето како и другите чупишта си беше чупиште, само шо ова чупиште имаше повисокоразвиен мозок од другите чупишта, така да се изразам по нашки, беше ебиветер. То чупиштето имаше баба шо живееше на средина од шумата. Еден убав ден, сонцето веќе беше изгреало и беше како тиква презреана, чупиштето реши да оди кај баба и. Ја зеде торбата, во која имаше 2 шишина коњак, една вотка, неколку трачерски списанија и тргна накај шумата. Кога навлезе длабоко во шумата, сретна едно јуначиште кое излезе од зад едно дрво и кое самошто се испострало зад тоа дрво. Јуначиште дотука бидва. Јуначиште прикажано насегдеки, во сите села. Јуначиштето не беше баш обично јуначиште, абе јуначиштето беше… Како да кажам…абе јуначиште! Огради со една рака рипаше, а на кучињата му викаше: мац мац! Ни се стрижеше ни се бричеше… додуша и не беше некое јуначиште, ама поарно немаме, па шо е то е. Јуначиштето чепкајќи се со раката во газо се приближа кон чупиштето и со широко ококорени очи и весела насмевка го праша:
- Драго чупиште, шо носиш во торбата?
На чупиштето очигледно му се допадна јуначиштето и реше да му одговори:
- Ами коњак носам 2 шишина.
- Друго, друго? – малку нетрпеливо прашуваше јуначиштето.
- Ами и вотка носам едно кило.
- Друго, друго? – пак запраша јуначиштето.
- Ами списанија трачерски носам. – Со насмевка одговоре чупиштето.
- Абе тоалетна да не носиш случајно, или дај од тие списанијата некоја страна, со трева газо го бришев, ама не се погоде некако, кисела тревата…
Чупиштето му даде едно од списанијата. На насловната страна беше Елена Ристевска со цицето малку подизваено. Јуначиштето истрча зад дрвото и реши да си го избриши газо со насловната страна, Елена кај шо беше, ама… се заеба! Многу лизгава страната… добро да не опишуваме детално шо се случе, можите да претставите.
Неколку минути покасно, јуначиштето задоволно се клештеше и го праша чупиштето:
- Сато да не знајш колку е?
- Ебајсе во бездвајсе! – му одговоре чупиштето.
Јуначиштето вчудоневидено од безобразлуко не можеше а да не се потпри на дрво и да се чуди така потпрен едно 2 минути и 18 секунди. Ко се доначуде му се обрате на чупиштето:
- Ти личи чупиште едно чупиштосано! Пипер в уста! Ццццц…
Чупиштето сфате дека го навреде јуначиштето и како да предосете дека ќе јади 2 шлакајнци и една клоца в газ, брзо потезно ја изваде вотката од торбата и го понуди јуначиштето.
Јуначиштето беше познат по тоа што беше заколнат антиалкохоличар, ама се испуле лево, десно, напре, назад, горе, долу, овде, онде, таму, онаму… се заклуче со едната рака (онака, со прстите еден преку друг), го зеде шишето и силно го накрена. Ама јуначиштето басиго јас него, една голтка шише пола. Очите му светнаа од задоволство. Му го врате шишето на чупиштето. Чупиштето ти било голман да брани и Пандев да шутира. Ко го накрена ито шишето, од вотката остана само… шо остана, ништо не остана. Пепел! Задоволни и јуначиштето и чупиштето, набрзина појдоја на ќошо од шумата. Таму имаше една коперација. Брзо набрзо јуначиштето се пиша вересија и донесе кока кола од две кила и две чаши пластични, од белите, не од проѕирните.
Се вратија во шумата и седнаа на прекрасната трева, до еден џбун полн со змиишта.
Две змии брзо набрзо, со трчање се упатија кон јуначиштето. Јуначиштето без око да му трепни, набрзина го напрае захвато шо само тој го знај и во рок од 2,4 секунди, змииштата беа претворени во ремени шо се ставаат на пантоломите, за да не паѓаат пантоломите, оти недајчакнорис да ти паднат негдеки на некое место онаму, можат да те срамат.
Си продолжија задоволно да си клокаат од коњачето. На чупиштето полека му стануваше жешко. Реше да си ги собуја патиките. Си ги собу патиките и одеднаш се случи чудо. Престана целиот џагор шо се слушаше во шумата, дотогаш ластојците се дереја ко коњи. Ги снема. Единствено нешто шо создаваше бука беше јуначиштето кое си ја акаше глата од едно дрво и се прашуваше шо се случе. Дали станува збор за апокалипса. Крај на светот…
Му требаше 4 минути и 29 секунди да се соземи и да сфати дека станува збор за чудна миризба која во вид на зелен чад се ширеше од патиките и чорапите на чупиштето.
Беше пресреќен шо сретнал такво чупиште. Дотогаш немал ни чуено дека постои такво. Од тој момент му беше јасно дека нема шанси да допушти туку тики така да му замини чупиштето.
Сложно го излокаа коњакот, ги исчитаа списанијата. Чупиштето реше да не оди кај баба му, оти ги излокаа шишината со јуначиштето и ги исчитаа списанијата, ама јуначиштето и даде идеја:
- Ќе ојме заедно, ќе и ги дајме шишината празни и ќе и речиме дека и ги носиме за зимава, домата да си клај во нив, а весниците, дека исчитани, можи да ги користи за огно потпалвање.
Чупиштето во истиот момент силно го прегрна јуначиштето и го бакна. Бришејќи се јуначиштето, чупиштето го свлечка и заедно тргнаа кај бабата на чупиштето.
Додека одеја се гледаше обостраното задоволство. Чупиштето беше пресреќно. Очите му светкаа како фарој од Тамче. Секако и кај јуначиштето се познаваше задоволството. Него очите му светкаа ко фарој од Фап.
Стигнаа кај бабата. Бабата ги пречека на врата и ги избрка. Шо, зошто, како никој не знаеше, ама стари ко стари, колку стареат толку леснеат. Тоа беше и олеснителна околност за чупиштето и јуначиштето, кои и онака сакаа да се траштаат наоколу.
Продолжија заедно низ шумата. Полека почна да се стемнува. Јуначиштето почна да плачи оти сато осум бил, а дома му рекле дека во седумипол треба да се врати. Толку многу плачеше шо чупиштето почна да го теши. Му велеше да продолжат да шетаат низ шумата и му праеше шеги. Jуначиштето полека се смире и почна да се поднасмевнува…

Како убив слепец

Ха! Ми се прај некој филм, одамна немам напраено некој добар филм, а и одамна не ми има светнато некоја добра идеја… хм… од Терминатор 2 никако да ми текни нешо солидно, а париња имам… Титаник можи потона, ама јас си добив црна кутија полна со пари, а и оскарчињата убоо ми се платија… абе ајде, шо ќе биди нека биди, ќе напраам блувајнца, ќе опнам еден куп пари на реклами и играчки и… ете ти филм на годината. Како да го крстам? Хм… нека се вика Рампо. Не! Нека се вика Касандра! Не! Нека се вика Аватар. Ете така, здрав и жив да е голем да расти…

- Ало, Холивуд?
- Да повелете.
- Јас сум една пропалица, ама сакам да ви кажам дека вампирите треба да бидат морничави, страшни, зли… така мене ми ги опишуваа во приказните за заспивање. Тие имаа долги заби (вампирски) и цицаа крв, вие нешто сте помешеле, вашите вампири цицаат кур.
Добар ден господине Емерих. Се сеќавам на вас, имавте еден не толку лош филм, Денот на независноста ќе да се викаше, аха, оној со летачките конзерки… е па господине, требаше таму и да престаните, поокеј ќе бевте. Не мораше да продолжувате со мочајки и да стигните до 2012. Јес да е популарна година (тогаш можеби ќе имам шанса да одам на одмор некаде подалеку од Претор, така се предвидува, макар шо јас цврсто сум убеден дека пак Претор ќе ом…), ама да престаниме со тупење и со градење на арки. Муабето ми е дека филмо ти е… дај сценариото, ќе ом до нужник, ќе ти кажам за шо ти е. Ете така. Поздрав. Јави се ко ќе планираш да снимиш нов филм, да те позаебавам…
Ми се јаве вчера Кјубрик на сон. Ми мрмлаше нешто за портокали чоеко, можи треба да пом на гроб, за душа да му однесам портокали… Не бееееееееее! За филм ми збораше.  Ќе му однесам портокали за душа и благодарност за Одисејата. Супер мајмуни, супер сценарио (Кларк, ти добиваш банани за сценариото…). Е ова е ремек дело. Нека ми речи некој дека сајанс фикшн сакс.
Јода вчера помина до кај мене. Зборувавме за Силата и за Џорџ Лукас. Кажа доста позитивни нешта за Лукас и за некоја трилогија Стар Ворс. На почеток не ми беше баш јасно шо мели, ама ми текна, трилогија, да беееееее, старите одлични три дела од Стар Ворс. Зборувавме и за Индијана Џоунс, даскало беше јак фраер со камшик, а не како денешниве фраери, да не речам педери. Имаше шмек Џоунс, а и авантурите имаа шмек. Денес секоја авантура е бледа копија на тие авантури. Спилберг… ние за волкот, Спилберг на врата. Заборајф дека бевме договорени да јадиме растурен ражнич во сос кај Злате, ама ете ти го тој со ребренца на скара… си мезиме така и јас нешто се позаебавав за приказната со Делорејно и Чак Норис, па не можеше да се избегни разговоро на тема Враќање во иднината. Ех Чак Бери и Џони би гуд… нема шо, уживанција. Уживанција и во првиот и во вториот и во третиот дел. Нема денес такви уживанции во три дела. Денес нема такви уживанции ни во еден дел. Се подналуте Спилберг ко му реков дека четвртио дел со даскало не му требаше, ама му помина ко дрмна од временската машина (ракијата моја).
Јода спомна дека Џим Џармуш, Тим Бартон, Гај Ричи, Френк Оз (Френк му го позејмил гласо во Стар ворс оти Јода пред тоа бил на концерт на Дип Парпл и многу викал, па му се фатил гласо…), Роберт Земекис, Мартин Скорсиз, браќата Коен, Кевин Смит, Тери Гилиам, Дејвид Линч, Стенли Кјубрик, Френсис Форд Копола ептен му прат ќеф со филмчината, а и општо, заслужуваат почит. Јас се согласив со Јода. Морав. Фак вит Јода, дај ју вил…
Вака можам до Велигден, со овие Палп Фикшн, ама друг ми беше муабето… појма немам шо ми беше муабето, ама сакам сеа еден муабет да кажам. Не можи туку тики така да се плука по жанр. Секој жанр си има и убоо и неубоо. Научна фантастика = турбофолк. Тоа е тешко обвинение, тука Кјубрик и Кларк можат ептен да се навредат.
А за последнио филм на Рамбо шо играше во Роки… не чини. Многу куршуми има. Е па ако некој очекува од сите холивудски тепачишта и пукачишта собрани на едно место да гледа нешто плачипичкарско во стило на филмојте… еј не ми текнува сега некој таков… ама муабето ми е дека од овај на Сталоне освен пукајнци и не се очекуваше ништо друго. Ни плачипичкарски, ни психолошки, ни Сексот и градот…  мене ми се бендиса. Забавен ми беше.
Инаку ми текнува пред да излези Аватар колку многу серев за него, дека ќе биди ептен просечен филм. Ми текнува колку многу ги нервирав сите околу мене со тој муабет. А уште ептен поќе ми текнува ко излезе филмо салам и ко го изгледав. Е на серењето мое му немаше крај. И пак на нерви одев. Ама гледам сега се поќе и поќе ја завземаат мојата страна. Или им требаше многу време за да го сфатат филмо, или им требаше многу време за да ме сфатат мене, или пак ради поштовање…
Господар на прстените. Кое тупење. Како не му се потрошија оскарите на Академијата…
Ех колку време изгубив со филмојте. Било какво поинакво губење време ќе беше помало губење време отколку времето шо го изгубив за овие филмој. Ништо не ми текнува шо глеав, уствари ми текнува, ми остае впечаток една сцена, а таа е кога едно дрво шо оди (па нормално, во филмо само одење имаше, па оти и дрвото да не оди), ќе се запали и најјако ми е ко ќе се гасни во водата. Е само на то се сеќавам, ама не сум сигурен дали од тој филм е сцената…:)))
Холивуд сибаа пиперо. Тешки патетични срања им се предизвик. Ретко нешто да се двои, да е срање, ама не тешко, не патетично. Ама зато се тука Британчиштата, Французиштата, Јапончиштата, Италијанчиштата, Екс Ју – чиштата…
До следната емисија.


Црвеното е позелено од жолтото

Одеднаш, во ова глуво доба (глуво доба… ме интересира оти  го викаме така? Така го викаме дека во ова време од ноќта повеќето спијаат и не слушаат дури јас чкрапам на тастатурата, или пак така го викаме дека јас не ги слушам, а не ги слушам дека спијаат и не бушат со бормашина?), добив желба да поднапишам нешто за неговото височество, или нејзиното… Чумата на 21 век позната под името фејсбук. Конкретно за потребата од чукање на слики… многу слики… ептен слики. Слики со чешмата. Слики со терасата. Слики со плочките од купатилото. Слики со телето… ама најпоќе ми е за сликите со либето. Е ко ќе опали некоја припадничка на турни ме да кинисам рајата, слика од мандако, или пак некој припадник на рајата со мозок колку кисела крастајца, слика од мифката, абе да ти е мерак  Мозилата да ја одинсталираш… така стројни, убај… расеани во цртите на лицето, слободно можат да настапуваат хонорарно во туѓите кошмари. Фреди Кругер гомна да јади. Ама уште померак ме фаќа ко ќе ги прочитам коментарите од типо:
Преубај сте!
Да бе, преубај се! Од шо се преубај, на плашилата децата можат да му ги плашат.
Е сеа не ми е јасно кои се поебиветер. Тие грдосиите шо си ставаат слики, или пак тие другите шо му велат дека се преубај.
Добро бе да му ебам мајката, а дојди недела, фејсбуко бавно работи. Преоптоварен. Обичното  сељачко челаде реди слики од саботата вечерта. Сите да знат дека Мара цела вечер ја поминала во три нужници, ама не обични нужници, туку нужници од салам локали, ексклузивни, со убај плочки. Криво ми е шо му го избришав профило на фрижидеро мој. Убај слики имаше, до плочките… со кварцната…

Кој го намести зајакот Роџер?

Порано мислев дека еден дел од околината шо ме опкружуваше има коефициент на интелигенција колку кисела крастајца. Откако таа околина си напрае профил на фејсбук, се уверив во тоа. Користењето на фејсбук, од било каков аспект, е затупувачки. Имало позитивна страна ќе ми речат. Корисен бил. За шо? Некој на нива тутун да не сади со фејсбук, или некој на тезга зелки да не продава со фејсбук?!
Не бе! Така полесно се завршвало факултет, пошто на фејсбук мојш да ги прашаш колегите од колку сато е утре испито, а тие ќе ти кажат дека е во деветипол… хм… сега ми е јасно. Кога јас се запишав на факултет немаше фејсбук, зато не ми е сеуште завршен факултето, а јас сум толкав глупсон шо не ми текнало да се зафатам за работа, фејсбук-мејзбук, туп ете ти диплома…
Абе и друга позитивна страна имало. Со тие шо не мојш да се видиш оти се негдеки џенем, туп на фејсбук слики-мики, чат-мат и совршена дружба… оние шо се во близина шо ги матиш, неоти се битни, чунки подалеку од очите, поблиску до срцето…
Нема позитивна страна фејсбук. Веќе не. Едно време имаше некои попаметни (ко мене) шо пробуваа да презентираат нешто паметно и на таа социјална мрежа, арно ама не мојш да бидиш паметен со недозреани. Ништо од то. Следна цел на тие попаметните беше дриблање на останатите. Па се здосаде и тоа. И ќе ме убедуваат ова она, имало позитивно нешто, ќе ми се вадат со некои изговори...
Ех која затуцана младина бевме јас и компанијата, шо се разбркувавме по улици, десет-девет шо игравме до ниедно време, шо дремевме кај шо ќе ни прднеше на куро, шо дремевме по паркој дури да дојди минус 50, шо ни текна да се задомаќиниме во училиштето шо се реновираше, во канцеларијата, ракиче, пивце, мезе… шо напрајфме филм дека во една напуштена куќа има духови и еден куп поверваа, шо праевме снешко секогаш кога ќе паднеше снег, шо си ги кршевме глајте на подмрзнатите слизгајнци, шо пиевме в кола како да сме в кафана…
Која затуцана младина…
П.С. Насловот нема врска со ништо друго освен со самиот себе си и со филмо на Земекис.

Assbook

Во дождовните шуми на Сибир е пронајден древен ракопис. Ракописот содржи тајни што би го промениле светот. Содржи древни мудрости кои кажуваат како да се поврзат настаните што моментално се случуваат и како истите да се искористат за да се предвиди што ќе се случи во годините кои доаѓаат. Ракописот е поделен на девет дела. Јас имав можност да прочитам еден од тие девет дела, а секако и да го копирам. Се работи за предвидување, кое мошне пластично е прикажано:

„…Во почетокот на 21 век ќе се појави чума која ќе ги сотри сите со коефициент на интелигенција колку бројот на Олстарките на Љупчо. На почетокот сѐ почнува полека, во мали размери, за да во еден момент земи толкав замав, па само Чак Норис да можи да ја реши целата таа ситуација. Чумата е непресметлива и безмилосно ги коси сите оние горенаведени од овој бел свет. За колатерални штети да не зборуваме. На мета наидуваат многу јавни нужници, особено оние по елитните собиралишта за горенаведените носители на чумата. Носителите на чумата се познаваат по следните симптоми:
• Напрчени муцки
• Разголени цицки
• Напучени задници
• Разголени цели тела
Најефикасен метод за заштита од чумата е: исмевање, дриблање, замочвање, плукање… на оние кои се носители на чумата. Инаку чумата е позната и под општонародно име како ФЕЈСБУК…“

Ова беше еден од деветте дела на ракописот, кој како што кажав погоре, имав шанса да го прочитам јас лично и персонално. Ќе ве молам ова да го покажите на 20 ваши пријатели, во спротивно ќе ве следи малер кој се состои од расипување на цецилаторо и федерфуфната од цвицанглата на шпорето шо ви е во дворо, она за пиперки печење!

Вечниот сјај на беспрекорно заебаниот ум

Сакам машина за пишување. Да да, иста онаква машина каква што имаат писателите во филмовите. Онаа што прави иритирачка бучава. Слична бучава како што прави стара, ефтина тастатура… ма не, бучавата од машината за пишување (чукање, куцање) е уникатна, не можи да се споредува со некоја фалш бучава од некоја ефтина тастатура. Сакам машина за пишување. Можеби пописателски ќе се осеќам кога ќе го истуткам листот на кој претходно сум напишал нешто, а тоа не било според замислата, уствари било според замислата што сум ја имал во моментот кога сум го пишел тоа, ама покасно ми текнало нешто друго, подобро… ќе се осеќам пописателски кога ќе го истуткам и ќе го фрлам до кантата за ѓубре затоа што таа веќе е преполна со исти такви претходни идеи кои биле надгласани и заменети со нови… сакам машина за пишување.

Ден трети.

Ха! Па сите почнуваат од почеток, од првиот ден, од првата глава, од првото… јас не. Јас имам желба да почнам од ден трети. Не е ништо посебен. Го започнав пред некое време. Немав намера да се натпреварувам со него кој прв ќе започни, па не ми е ни криво… жежок е и овој ден. Денес сигурно нема да ми требаат нараквици, или нечија топла рака. Денов не започна лошо. Утринското мочање ми се погоде, а и ВЦ шољата веројатно уживаше, не ја љуфнав денес. Нема утринско кафе. Кафето според мене е многу лош порок, а јас не паѓам под влијание на пороците… абе ај! Трет ден апстинирам од пороците, а кафето не ми е вкусно инаку радо би го вметнал во колекцијата.
 Некој нашол ластовичка малечка… што да се прави? Не сака да јади, само три капки вода се има напиено… пред извесно време, пензионер се расправал со некое куче скитник во паркот. Останатите пензионери го поддржале (пензионерот). Сигурно бил во право… комшиите спроти мене си ставија клима. Одлично, само да не ме будеа во 8:30 со неподносливата бучава од бормашината… вести за започнување на ден. Колку ли сакам да ги започнувам деновите со вакви вести…
Деновите се како грепка. Во првата ништо. Во втората ништо. Во третата малку, колку да те залажи. Во четврта пак ништо… ех денови ли се денови, колку ми е драго што повеќето ги преспивав…
За апстинирањето. Која е позитивната страна? Се разбудив рано. Апсолутно појма немав што да му правам на тоа раното. Околу 60 минути се мислев и еве што смислив. Да се занимавам со тастатурава од мојот персонален сметач. Го викаат персонален сметач. Сметач! Не знај до три да изброј, ама сметач бил. Затоа сакам машина за пишување. Неа не ја викаат сметач, освен штo смета со бучавата што ја произведува, ама сепак, таа не е сметач. Си се вика машина за пишување и е наменета за пишување (куцање, чукање). Е да! Не пишува таа сама како што ни сметачо не смета сам… ми здодеа овој монотон круг.
Се разбудив рано. Апсолутно појма немав што да му правам на тоа раното…
Денес е недела. Еден ден после сабота. А во сабота, обично, сум предозиран со пороци, па во недела не ми останува ништо друго освен да спијам дури ми се спија, а тоа не трај баш малку. Не дека само во сабота сум предозиран со пороци, ама сабота ја зедов намерно. Почнав од недела, па ми требаше сабота… значи во нормални услови во недела ова време ќе спијав, зато што во саботата сум се изморил од неработење… ќе спијав и ќе ме разбудеше стандарден телефонски повик кој ќе гласеше:
- Сеуште спијаш?
- Не, не спијам, телефонот ми ѕвонеше па морав да станам…
- Ај не мудрувај, дотерај се, време е да одиме да јадиме…
Во недела на ручек одиме во Ања. Во недела таму пиците се 149 денари. Било која пица е 149 денари. Најскапата пица е 149 денари. Јас увек најскапата ја одбирам.
А оваа недела не ме разбуде таков стандарден повик. Зошто? Затоа што не е дојдено стандардното време за ручек. Затоа што јас избегав од стандардите и вчера стандардно не се средив и затоа денес ништо не е стандардно…
Колку само ги променив работите со едно нестандардно однесување. Ефект на пеперутката. Се надевам дека моето нестандардно однесување нема да се одрази врз катастрофите наоколу… Или нека се одрази, ама позитивно.
А што јас навистина правам сега? Пишувам нешто а? Така можи да се наречи а? Па да, нема некое правило за пишување, па да не можи така да се наречи. Ќе си пишувам како што сакам и што сакам. Само буквите да се погодат, да си го имаат правилниот редослед во зборот, да личи зборот на нешто. На тоа треба да се внимава… јас пишувам. Пишувам, а за тоа има причина. Да дојди стандардното време и да одам на ручек. Реков дека има причина…